Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Потенцијалната миграција во Македонија во моментов достигнува загрижувачки димензии. Младите, средношколците, студентите, високообразованиот кадар особено од техничките науки заминуваат од државата и создаваат големи демографски промени. Намалувањето на нивото на човечкиот капитал за кратко време ќе се почувствува и тоа на развојот на целото општество. Овие зборови на универзитетскиот професор доц. д-р Златко Николовски не оставија рамнодушен никого од присутните на панел дискусија на тема „Миграциите – вистина и предизвик“ што се одржа во Свети Николе.

Експертот ги откри причините за грдата македонска слика.

„Порастот на невработениот број на високообразовани кадри, непочитување на трудот, потценување на стручноста, ограничени можности за промоција на професијата, формирање на македонски заедници во странство се значајни детерминанти зошто децата и младите високообразовани кадри бегаат од државата. Но јас ке кажам дека на еден начин главен причинител се партиските притисоци на партиите на власт, без разлика која опција е во прашање, и на тој начин обидот да стави контрола врз младите со тоа што ќе лепат политички плакати уште додека учат во осмо одделение или во средно училиште или на факултет со тоа што ги учат да им бидат послушни. Дел од нив не можат да го трпат ова и дефинитивно заминуваат,“ рече професор Николовски.

Државата мора да стори нешто, што поскоро, ако сака да ја ублажи состојбата. Општините треба да ја поттикнат Владата да превземе превентивни мерки како што се поттикнување соработка помеѓу бизнис заедницата и високообразовните институции, кога ќе се следат студентите додека сеуште студираат и штом завршат барем најдобрите да се вработат во домашните компании. Потребна е и државна програма за стипендирање на студенти. Општините да отворат Инфо центри за комуникација со македонските исселеници се со цел заинтересираните за исселување да ги добиваат точните информации за цената на трудот, условите за вработување што можеби ќе ги поколебаат од заминување од Македонија. Да се создаде мрежа на научници со цел за прилив на мозоци во Македонија. Постојани контакти со македонската дијаспора со цел да го инвестираат капиталот во државата.

“Јас предлагам и една нова форма на комуникација, што ја дозволува Уставот на Македонија, најнапред промена во организациската форма на државата поточно формирање на министерство за дијаспора со оперативно тело кое ќе ги собере сите сектори кои се расфрлени по министерствата и независно остваруваат комуникација. Потоа донесување на закон за дијаспора со кој ќе им се олеснат административните потреби на исселениците. Исто така сметам дека ни е потребно и Собрание на дијаспора, составено од педесеттина видни исселеници, бизнисмени кои ќе го поткернат нивото на комуникација со Македонија,“ рече професор Николовски.

Тој на проблемот се осврна и глобално кога порача дека само доброто менаџирање со емиграцијата е единственото решение за надминување на кризата што може да се појави во секоја држава па и во Република Македонија. Така може да се спечи разнишување на мирот и развојот на државата. На миграцискиот притисок потклекнаа развиени и економски јаки држави како што се Франција и Англија. Николовски како примери ги спомна случаите кога се пали или се бунтува во половина Франција како реакција на споро или неефикасно менаџирање со емиграцијата од афричкиот континент поради незадоволство од начинот на живот во гета, невработеноста, немањето на социјална заштита и слично. Причина за последната одлука на граѓаните на Англија, да се изземат од Европската Унија, можеби е и стравот од напливот на мигранти од Блискиот Исток.

На панел дискусијата во Свети Николе,организирана од граѓанските здруженија - грантисти на „Цивика мобилитас“, во североисточниот и вардарскиот регион учествуваа над шеесеттиина нивни активисти како и гости.

Убавка Јаневска

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново