Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Креативни Велигденски изработки изработија млади членки и членови на Организација на жените на Свети Николе. Ги наменија за продажба на штанд како дел од хуманитарна акција „Продажба на креативни Велигденски производи“што беше поставен во центарот на градот. Акцијата со рачни изработки ја поддржаа и постари членки на организација. Штандот го предизвика вниманието на поголем број на светиниколки . За неколку часа се продадоа скоро сите креативни изработки и беа собрани вкупно 6.460 денари.

„Младите креативци и креативки од Организација спремни се да ги продолжат своите креативни активноста и со изработка на нови производи ќе помогнат за одржливост и работа на групата за самопомош,“ рече на крајот на хуманитарниот настан Рахела Симеонова Манева од Организацијата на жени во Свети Николе.

Од Организацијата упатија голема благодарност до сите хумани луѓе од општина Свети Николе кои го посетија штандот и купувајќи рачно изработени Велигденски украсни изработки донираа и помагаат за работата на групата за самопомош на жени заболени и лекувани од малигни заболувања. Групата за самопомош повеќе од 10 години функционира во рамките на Здравствената програма на Организација./ У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново