Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Шест светиниколчанки , членки на Организацијата на жени во неделата учествувале на манифестацијата „Недела на традицијата Св. Трифун 2016“. Настанот се одртжа во Винаријата Еленов во Демир Капија, во организација на Центарот за едукација и вмрежување во туризмот „Цене“ и општина Демир Капија.

Заедно со уште стотина учесници од 11 општини биле дел од натпреварот за најдобра традиционална трпеза. Со традиционални специјалитети од овчеполскиот крај се претставиле пред учесниците.

Специјалитетите од разните краеви на земјава ги оценувале реномирани готвачи како што се Љупчо Гиевски, Никола Мишковски и Марк Де Јонг.

Трпезата „Селска маса“ од Демир Капија ја доби првата награда, втората отиде во рацете на Дедо Кољо Добровски од Новаци за неговата „Софра“ и третата награда ја доби трпезата „Благовец “ од Демир Капија./Д.С

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново