Три години затвор за полицаецот кој го уби Далибор од Свети Николе
Три години затвор – ова е казната што судијата Сашко Георгиев од Основниот суд во Штип му ја одреди на полицаецот од Свети Николе, Бранко Петков за убиство во нужна одбрана. Роднините на починатиот Далибор Илиевски ја дочекаа пресудата шокирани, така што мајката на Далибор револтирано праша дали судот донесе вака мала казна за убиство, само поради тоа што тие имаат темна боја на кожата.
Според Судот, полицаецот Петков ги пречекорил овласувањата кога пукал во триесетгодишниот Далибор Илевски минатиот септември, по обид да го легитимира по што дошло до вербална расправија. Илиевски го придивижил возилото, држејќи го полицаецот за рака. Потоа откако ја зголемил брзината, полицаецот паднал на земја. Иливески на два наврати се враќал во намера да го прегази, по што полицаецот пукал во него во полуседечка положба.
Бранителот на полицаецот Бранко Петоков најави дека ќе бара ослободителна пресуда.