Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Sonja2

10.07.2020

Пишува: Соња Рилковска

Рецензираме вест објавена на порталот Охрид 24 на 10 јули, под наслов „(ФОТО) Розевиот свет на Константин Георгиески“. Уште со самиот наслов авторот се обидува да го дискредитира градоначалникот на општина Охрид, саркастично и иронично нарекувајќи го „розевиот свет на Константин Георгиески“.

Во веста која повеќе наликува на партиски коментар пишува:

Градоначалникот на општина Охрид, Константин Георгиески, вчера се пофали дека завршило асфалтирањето на 4 улици во село Косел. И доколку народот гледаше со розевите очила на Георгиески ќе ја видеше оваа слика. Но, очигледно не живеат сите во розевиот свет на Георгиески, па тие ја гледаат вистинската слика која изгледа вака.

Овој коментар е поткрепен со две фотографии опишани како лага и реалност, каде на едната се гледа асфалтирана улица, додека на другата половично асфалтирана улица од селото Косел.

Новинарот наместо да побара одговор од општина Охрид зошто не е целосно асфалтирана улицата, сам си коментира, иронично се подбива со градоначалникот, и пишува:

Значи од пат кој според жителите на Косел е во должина од 100 метри, Константин Георгиески асфалтирал само 40 метри и се фали пред охридската јавност со тоа. Коселчани на шега велат дека пола од асфалтот бил за Вицето.

Апсолутно не е точно дека биле асфалтирани само 40 метри. Градоначалникот за Вистиномер вели:

Во Косел сè уште се одвиваат градежните зафати, а улицата не е завршена, секако ќе биде комплетно асфалтирана.

На крајот непознатиот автор пласира сериозни обвинувања на адреса на Георгиески, кој воедно е и шеф на изборниот штаб на СДСМ Охрид, дека за глас на охриѓани им ветувал асфалтирање на улици и поплочување на приватните домови. „Редакцијата на ОХРИД 24 располага и со други информации за вакви активности и истите ќе бидат објавувани деновиве, се со цел јавноста да биде запознаена со расипничкото работење на локалната власт на СДСМ, предводена од Георгиески“, завршува текстот.

На крајот од текстот бомбастично се најавуваат нови информации и докази за расипничко работење на локалната самоуправа.
Текстот е далеку од професионалните новинарски стандарди. Наликува на партиски коментар полн со обвинувања, полувистини и шпекулации. Новинарот не смее да коментира и да изнесува свои лични ставови при пренесувањето вести (член 13 од Кодексот на новинарите), тој мора да обезбеди професионална дистанца од политичките субјекти и секогаш да се труди да обезбеди став од втората страна.

 

Овој напис е изработен во рамките на Проектот за зголемување на отчетноста и одговорноста на политичарите и партиите пред граѓаните, Вистиномер, имплементиран од Метаморфозис. Написот e овозможен со поддршка на американската непрофитна фондација (NED - National Endowment for Democracy). Содржината на рецензијата е одговорност на авторот и не ги одразува ставовите на Метаморфозис и National Endowment for Democracy или нивните партнери.

 

 

SEMM baner MK

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново