22.07.2020
Пишува: Ардит Рамадани
Рецензираните вести извираат од синџир на лажни вести за една иста тема. Пред три недели мегафоните на разни политички партии почнаа да шират измислици дека “Tаравари му доделил на Мукоски тендер во вредност од 700.000 евра”.
Пишува: Убавка Јаневска
22.07.2020
Рецензираме текст со наслов „Власта си тераше кампања а граѓаните оставени без надоместок за боледување и породилно“ објавен на Курир на 17 јули, годинава. Преку пренесување изјави на анонимни граѓани од социјални мрежи кои биле „бесни и очајни затоа што нивните законски надоместоци доцнат и неизвесно е кога ќе ги добијат“, порталот открива дека ниту исконтактирал ниту истражувал на темата. Но, во текстот коментира:
20.07.2020
Пишува: Жаклина Цветковска
Неточни и тенденциозни тврдења за неважечки ливчиња во корист на одредена политичка партија се изнесени во текст со наслов „СКАНДАЛ вреден 4 пратеници! На ВМРО ДПМНЕ ОДЗЕМЕНИ 20 000 ГЛАСОВИ после измамата на СДСМ“, објавен на порталот vecer.mk, на 19.07.2020 година.
20.07.2020
Пишува Билјана Димко
Рецензираме текст со тенденциозен наслов и тенденциозна фотографија, кои оставаат впечаток дека на некој начин зголемениот број на новозаразени кој изнесува 241 за еден ден, е некако поврзан со Заев и Филипче. Насловот е „ДАНСОТ“ НА „ЧЕКИЧИТЕ“ ПРОДОЛЖУВА: Рекордни 241 позитивни од 1 700 тестови, 8 починати!
19.07.2020
Пишува Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на порталот Охрид24 на 18.јули 2020, под наслов „(ФОТО) Тажни слики од Охрид: Неспособност и башибозук на СДСМ“.
Насловот сугерира дека објавените фотографии се тажни, и тие се повод да упатат коментари од типот „неспособност и безредие“ кон СДСМ како владејачка партија на локално ниво.
19.07.2020
Пишува Соња Рилковска
Рецензираме вест објавена на порталот Курир (19 јули 2020), под наслов „Загрижувачки факти кои покажуваат колку Владата катастрофално се справува со коронавирусот (ФОТО)“.