Press na veleski teatar fin

Претставата „Одам на лов“, напишана во 1892 година од францускиот автор Жорж Фејдо во режија на Деан Дамјановски, е комедија на вонбрачни заплети во која двајцата сопружници (парот Дишотел) решаваат, секој одделно, да направат брачна изневера. Но, сплетот на околности е таков што и пред двајцата се испречуваат мноштво пречки кои ги попречуваат да ги остварат своите намери, со што влегуваат од една во друга комична ситуација. Уметничкиот директор на велешки театар Васил Зафирчев рече дека Велешани треба да ја проследат претставата. 

SvPantelejmon naslovna

Велешката соборна црква „Свети великомаченик Пантелејмон“ не е најстара црква во Велес, но сепак отскокнува со својата архитектура и детали кои ги вградил во неа папрадишкиот мајстор Андреа Дамјанов. Дамјанов зад себе оставил многу импозантни сакрални, но и други градби кои го прославија во времето во кое живееше. Тоа му го признал директно и турскиот султан, наградувајќи го со редок подарок кој не им се доделувал често на христијани. Султанот, за градбата во Сараево, на Дамјанов му доделил сабја и право да ја носи.

StarVelesgjamiite od 1863 fin

Во Ликовниот салон во Велес повторно беше изложена тематската изложба „Старите фотогрaфии на Велес “, за мене една од најдобрите поставки на Народен музеј од Велес. Уживав во старите фотографии на Велес и првиот пат , а сега по втор пат имав можност полека, детал по детал, да ги разгледам. 

Struga2 fin

Десет талентирани ученици од петте редовни основни опшински училишта во Велес, на возраст од 13 до 15 години, заедно со 5 ученици со попреченост од ПОУ „Маца Овчарова“ се учесници на петдневната Ликовна колонија „Езерски убавини“ што од 13 до 18 јули се одржува во Детско одморалиште „Мајски цвет“во Струга.

skulptorska fin

Шест уметници, скулптори од државата и странство се дел од првата меѓународна скулпторска колонија што деновиве се одржува во градот. Ученици на првата меѓународна скулпторска колонија, која започна на 24 јуни и ќе трае до 7 јули годинава, се уметниците Горан Ѓорев, Горан Стаменков и Илчо Стојановски од Македонија, Весела Стаменова и Павел Василев од Бугарија како и Никола Ненадиќ од Хрватска. 

stripucilste1

Започна дводневното стрип училиште „ Стрипот во интеркултурна едукативна мисија“ во средношколскиот интернат „Лазар Лазаревски“, денеска, вторник 25 јуни, кое за цел го има развојот на интеркултурноста како и деметрополизацијата на културата во Република Северна Македонија како дел од основните заложби на Националната стратегија за развој на културата 2018-2022, што се остварува преку едукативни стрип активности наменети за млади од разни етнички колективитети од Куманово, Кавадарци и Велес.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

KOZUVCANKA 2021 01

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново