Излезе од печат третиот број на Стрип Алманахот како специјално издание на ревијата„Стрип Креатор“ или единственото постојано стрип списание во Македонија. Во најновото издание се објавени авторски сценарија на Александар Стеванов од Штип. Тој е млад и веке афирмиран сценарист, летерер,хроничар и дизајнер. Сценаријата ги пренесоа македонските цртачи: Дарко Богданов, Весна Ничевска, Мирко Бојаџиевски, Катерина Тери Николова како и Наташа Коњевиќ –гостинка од Босна и Херцеговина.

Наградениот роман со Рациново признание за 2017 година, „Јас и Лина, отпосле“, за авторката и годинешна добитничка Ана Стојаноска значи дека делото е читливо, блиско до читателите, како соѕвездие од приказни и живот напишан за да остави трага.

Градоначалникот на Велес, Славчо Чадиев и ја додели наградата на добитничката а Стојаноска заблагодарувајќи се ја потенцираше големината и моќта на пишаниот збор.

Со отворање на изложба на грнчарски дела насловена „Грнчарски средби Велес 2017“, чиј промотор е Здружението на граѓани „Разбој“, вечерва во Велес започнуваат 54 Рацинови средби. Изложбата ќе биде отворена во 19 часот во Ликовниот салон.

Наградата "Антологија на болката" за најдобра дебитантска и необјавена поетска збирка од современ македонски поет за 2017 година ја добива стихозбирката "Тело одречено од пливање" на поетот Митко Апостолов. Вака одлучи стручната жири комисија за доделување на наградата "Антологија на болката" во состав Ана Костовска, директор на издавачката куќа "Култура" претседател, Даница Ивановска Лепојевиќ, поет и минатогодишен лауреат во својство на член и Катерина Момева, писател во својство на член. Одлуката е донесена едногласно по прочитот и анализата на сите 12 стихозбирки од официјалната конкуренција за наградата.

„Јавачи на коњи“ е филмска приказна за тројца бездомници, една желба, три приказни и еден проблем.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново