AngelPetrov naslovna

Ако пред неполн месец кога одбележувајќи го шест деценискиот творечки живот ни рече :„Ја барам светлината, што претставува живот. Kако кога се раѓа дете. Нов живот-светлина“ академскиот сликар Ангел Петров на отворањето на неговата изложба „Портретите на Рацин“ , што е дел од програмата на 55 Рацинови го откри своето неуморно трагање по одразот на поетовото око, што ќе го долови моментот на инспирација ,недофатливиот миг кога се раѓа стихот.

Со наградите „Најатрактивна претстава“ и „Најдобра машка улога“ која ја освои Кире Ацевски се врати во Велес Драмската театарска трупа „Словото“ од интернационалниот фестивал на поетичен театар што се одржа во воениот клуб во Русе, Бугарија во период од 19-21 мај.

Со комедијата „Вдовицата се мажи“ според делото „Мечка“ на Чехов, во режија и адаптација на Младен Крстевски, Театар „Јордан Х.К-Џинот“, Велес ќе настапи на Интернационалниот театарски фестивал „Руска класика“ во Москва, Русија. Фестивалот се одржува од 25 до 31 мај. 

Четириесет и осум години по ред во италијанското градче Џифони , во кое живеат четири илјади граѓани,а се наоѓа во близина на Неапол се одржува единствениот светски филмски фестивал за деца и млади. „Џифони фестивалот“ е посветен на филмови на теми кои ги засегаат токму децата и младите кој ги поттикнува на дебата, јасно соопштен став, дружење, пријателство, креативни и иновативни идеи. Тие имаат средби со светски познати актери и режсери со кои се дружат, им поставуваат прашања и добиваат автограм. Стекнувањето на искуството за дебатирање во дванаесетдневниот престој во Италија е главната цел. Покрај останатите 49 земји од пред десет години и Македонија е дел од мрежата на „Џифони фестивалот“. Тој се организира во месец октомври во Скопје. 

На концертот во Кавадарци Кокан Димушевски ,електронски инструменти, заедно со Љубиша Кировски ,виола, освен дел од бројните музички наслови во неговата обемна соло кариера надвор од матичните “Леб и Сол“, ќе исполнат и нови теми, премиерно за љубителите на убавата музика во Кавадарци. Концертот ке се одржи во Домот на култура, во среда, на 16 мај, со почеток во 20.30 часот.

- Додека ги создавав сите овие мои уметнички дела јас бев во потрага по светлината, по животот што се раѓа, како едно мало дете кога доаѓа на овој свет, кога се раѓа. Што тоа новороденче бара? Ја бара светлината. Затоа ќе го препознаете лесно тој убав амбиент преку топлите насликани тонови кои го мамат човекот кој бара убавина. Додека јас творев луѓето беа поинакви, топли, чувствителни, во потрага по убавите нешта на овој свет. Сега некои други ветришта дуваат, ладно е. Нека оваа топлина ги предизвика моите сограѓани и сите вљубеници во уметноста да не се одродуваат и секогаш да ги бараат убавите нешта со кои ќе живеат, рече за Дума.мк академскиот сликар Ангел Петров на синоќешното свечено отворање на неговата 45 самостојна изложба, во родниот Велес, со која одбележа 6 децении творештво.

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново