Вкупно осумнаесет стихозбирки конкурирале за наградата „Антологија на болката“, информираат од Здружението на граѓани ФАД „Стоби“. Од нив тринаесет влегуваат во официјална конкуренција,  а тоа се стихозбирките „Сјај и страв и песни“ од Даница Ивановиќ Лепојевиќ, „Бранови“ од Сандра Наумовска, „Душа од кристали“ од Габриела Павлоска, „Очите на љубовта“ од Елена Костовска, „Затвореничка во Лондон“ од Филип Дракалски, „Бескрајот на една љубовна приказна“ од Ирена Јурчева, „Боемски блуз“ од Иле Наумов, „Косара“ од Лидија Дочовска, „Неисчешлана љубов“ од Јане Балкански, „Орнамент“ од Малвина Сокар, „Сеќавања“ од Елена Христоска, „Страв од минливост“ од Катерина Гогова, „Страст од мртво шепотење“ од Дијана Дурлевиќ и „За тебе љубов моја“ од Жаклина Китанова.

Книгата „Македонскиот стрип во едицијата НИКАД РОБОМ“ на Ване Трајков од Велес ќе биде промовирана во срцето на Балканскиот стрип во Горњи Милановац, Србија. Промоцијата е во организација на Здружението на македонци од моравичкиот округ „Даме Груев“ и Културниот центар на Горњи Милановац.

Со претставата „Федра“, велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ утре на 19 мај учествува на театарскиот фестивал „Тара-ра-бумбиа“ во Благоевград Бугарија. „Федра“ е праизведба на истоимениот текст на Сашо Димоски во режија на Александар Ивановски. Во неа играат актерите Васил Зафирчев како Хиполит и Маруша Облак како Федра, во копродукција помеѓу Велешки театар и Словенско Младинско Гледалишче.

За актуелни теми од социо-културниот живот во денешницата се дебатираше на вчерашната трибина што се одржа во велешкиот тетатар под модераторство на новинарката Ана Јовковска. Во фокусот на трибината беше култното дело на Ерих Фром „Да се има или да се биде“ чија содржина и автентичност се пресликува во денешницата, иако е пишувано пред цели четириесет години. Неговите мисли и ставови денеска се уште поактуелни отколку во времето кога ги пишувал. Тие само ги потврдуваат сомнежите за тоа што го чека човештвото во новата ера. Култното дело на Фром отвора дилеми за тоа што е поважно да се има во материјална смисла или да се направи нешто добро и корисно за човештвото.

Проектот им овозможува на истакнати уметници, писатели, професори, филмски и театарски режисери да дискутираат на актуелни прашања и теми од нашиот социо-културен живот како и на вечно актуелните теми од човечката цивилизација. „Про-книжи го умот“ го сочинуваат трибини кои имаат патувачки карактер и ќе се одржат во повеќе градови во државата. На нив, годинава, ќе се одбележуваат јубилеи и годишници на култни европски дела и на автори како што се Ерих Фром, Валтер Бенјамин, Џорџ Орвел, Олдоус Хаксли, Мишел Фуко, Жак Лакан и други.

Сара Тодоровска, ученичка во СОУ Гимназија „Кочо Рацин“, Велес е избрана за заштитно лице на поетската манифестација 53-ти „Рацинови средби“.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново