Режисер на претставата, работена според текстот на современиот британски автор Џо Пенхол, е Александар Ивановски.

Оваа драма топло ја брани неправдата која се нанесува преку негативна или преку позитивна дискриминација. Во неа централен лик е афроамериканец, кој доаѓа од црнечкото гето и е болен од шизофренија. Преку приказна, во која централни ликови се Брус, Кристофер и Роберт, се задира во современата психијатрија во која се практикуваат застарени методи на лекување кои докторите ги прават беспомошни кога треба да ги лекуваат своите пациенти без седативи.

Монографијата која содржи факти и податоци за растот и развојот на кавадаречката гимназија во период од 120 години, синоќа беше промовирана во кино салата на домот на културата „Иван Мазов Климе“.

Романот „Животна посветеност“ е ново и вредно дело во севкупното книжевно и научно творештво на авторот Божидар Јовиќ. Тоа може да се одреди како роман хронологија во која како наратор се јавува писателот кој хронолошки опстојно и доследно ги запишал личностите, времињата и настаните кои некогаш биле живот на овој македонски простор. Селото Радово во кое се случуваат приказните е книжевен псевдоним за географијата на Велес и Велешко. Во романот првенец на Јовиќ, одредени се и границите на времето.

Поемата „Откривање на постоењето“ на авторот Љупчо Михајловски е преведена во Индија на Бенгали јазик. Ја преведе Индиецот Библап Маје и ја отпечати во магазинот за култура „Исус од Калкута“. Станува збор за поема која припаѓа на вториот дел од научнофантастичната трилогија со наслов “Ѕвездена прашина“,  на овој познат македонски автор на научна фантастика.

На првата изложба на Ликовниот салон во Велес,за годинава, скулпторката Валентина Стевановска се претставува пред велешани со четири реплики на штитовите на македонската фаланга преку кои ја пренесува љубовта кон татковината, нејзината историја и традиција. Со Стевановска исто така излага и скулпторот Миле Брцески. Петте скулптури на Брцески и четирите на Стевановска се составен дел на двете изложби со имиња „Македонија“ и „Компаративна игра“.

По два ипол месеци интензивна работа на градењето на претставата „Ана Комена “, во која учествува скоро целиот ансамбл, велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов денеска ја најави премиерата што ќе се одржи за осум дена.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново