Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

nastap1

19.02.2021

Баже Натов - вокал, Роберт Андовски- соло гитара и Симеон Иванов – клавијатури, се членови на популарниот велешкиот бенд RnB Neighbors. Тие веќе подолго време ја забавуваат велешката публика на забави од различен карактер. Тие сами се кумови на бендот, како што велат, на интересен начин, RnB всушност се првите букви од имињата на Робер и Баже додека зборот Neighbors е употребен затоа што тие се соседи. Симеон подоцна им се приклучил.

RnB Neighbors се вклучени во скоро секоја забава што беше организирана во градот, но поради ковид пандемијата целата еуфорија е прекината. Веќе скоро една година бендот не организира забави, бидејќи тоа не го дозволуваат здравствените протоколи кои се воведени поради пандемијата.

-Со оглед на тоа како стојат работите со пандемијата воедно и законот за забрана на настапи во затворен и отворен простор не работиме воопшто, веќе една година немаме никаков приход од финансиски аспект. Додека настапувавме и ги забавувавме младите велешани се трудевме секогаш да имаме различен репертоарот, популарен, забавен со теми што младите обожуваат да ги слушаат. Затоа ги изведувавме најновите хитови и секако тоа го сакаше нашата публика, рече Натов .

Сепак короната не успеа сосема да го сопре музицирањето на RnB Neighbors. Тие организираат проби во просторија каде може да се држи растојание и не ги прекршуваат здравствените препораки.

proba RnB

По снименото првенче, авторската тема чека вистински момент да биде испродуцирана во спот што би се објавил. Трите момчиња во моментов веќе работат и на втора авторска тема и преработуваат теми од разни македонски и странски автори додека видеата ги објавуваат на својот Јутуб канал.
На прашањето дали организираат онлајн забави, тие велат, дека до сега не им паднало на ум.

-Не сме организирале до сега, но би било одлична идеја. Ако би направиле онлај забава таа би била хуманитарна и тоа би го сториле со огромно задоволство, рече Андовски.

vo studio

Интересно за овој бенд е тоа што секој од тројцата членови  има различен вкус за музика, но секогаш следат и интерпретираат репертоар што е лесно препознатлив за публиката и што би ја подигнал на нозе уште на првите акорди. Ни открија дека на Натов омилен и не заменлив македонски вокал му е Тоше Проески додека не се одлучи за омилен македонски бенд. Додека за Андовски број еден македонски состави се Нокаут и Леб и Сол. Иванов го обожува творештвото на Драган Ѓаконовски – Шпато.

За нив секој настап е омилен ако има посебна енергија и таа придонесе за забава што би ја прераскажувале посетителите кои без умор би танцувале и пееле како четврти член на бендот.

-Би допринеле ако можеме да вратиме дел од алтернативна културно-уметничка сцена како некогаш. ВЕЛЕС ПАМТИ! Благодариме на интертвјуто и ни беше чест и задоволство што се сетивте на нас. Би завршиле со неизбежната порака: Чувајте се сите, ве сакаат RnB Neighbors, рече Иванов.

Се додека не олабават здравствените протоколи и не се збогуваме со ковидот, а кафетериите во градот не ги отворат своите влезни врати по 21 часот ви препорачуваме да ги слушнете дел од cover-и на RnB Neighbors и да уживате!

Стефани Манева

        

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново