Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

biblioteka

17.02.2021

Забележливо е дека повозрасните граѓани најголем дел од слободното време го поминуваат дома, тоа го налагаат здравствените протоколи воведени од страна на Владата поради ковид пандемијата. Но голем дел од нив читаат книги. Зачленети се во градската библиотека „Гоце Делчев“ и на располагање го имаат големиот фонд на книги. 

Еден од најчесто читани жанрови е мотивациониот, покажува евиденцијата на библиотеката во Велес. И во услови на Ковид-19 читањето е зголемено за што придонесе набавката на околу 900 нови наслови од повеќе издавачки куќи со различни жанрови.

-Во детскиот оддел најчесто децата земаат и читаат лектирни изданија, кои им се зададени од училиште додека повозрасните земаат тинејџерски романи. Во одделот за возрасни најчесто се изнајмува белетристика и тоа од сите жанрови, трилери, љубовни романи, психолошки, мотивациски книги и друго што сметам дека зависи од расположението и од тоа кои се најактуелни наслови издадени и промовирани од страна на издавачките куќи, рече Гордана Васковска в.д директор на Локална библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

direktorka

Библиотеката исто така организира онлајн промоции како замена за физичкото присуство на граѓаните при претставувањето на писатели како од Велес така и од Македонија. Тоа како новина го налага ковид пандемијата. Велес е град што ја негува културата па затоа библиотеката, како локална установа , дава и особена поддршка на млади таленти.

-Се одбележа Светскиот ден на читањето на глас. Тоа се случи на 3 февруари, со цел да се влијае врз свеста за читање кај помладата популација. Исто така се одбележа и 14 февруари, меѓународниот ден на дарување на книга. Минатата недела учествувавме на он лајн промоција на првата книга „Среќната девојка“ на ученичката Вероника Саздова и се надеваме дека во наредниот период повеќе од промоциите ќе ги одржуваме со физичко присуство, во зависност од ситуацијата со пандемијата во нашиот град, додаде Васковска.

knigi

Во моментов оваа локална културна инситутицја работи само со четири вработени и во една смена од 8:00 до 16:00 часот. Поради корона кризата но и намалениот персонал ревизијата на книжевен фонд за 2020 година се’ уште не е завршена. Од градската библиотека ги замолуваат сите читатели кои ги немаат вратено книгите што ги земале минатата година тоа да го направат што поскоро, со цел институцијата да ја заврши ревизијата и книгите да бидат достапни за други редовни читатели.

Стефани Манева

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

web baner kozuvcanka 300x250 Duma

 
   
   
   
   

Најново