Концерт на балетско студио „Венус“ за кавадарчани
Објавено на 20 октомври, 2020 во 10:46
20.10.2020
На Градски плоштад Кавадарци ќе се оддржи целовечерен концерт на Балетското студио “Венус“ Кавадарци. Балерините и балетаните ќе танцуваат на кореографии на Ана Балова и Билјана Грозданова.
Концертот ќе се одржи во среда на 21 октомври со почеток во 18 часот како културен настан во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2020“ во организација на Дом на култура “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци.
Организаторот најавува дека концертот ќе се одвива според Протоколите за работа во време на COVID – 19: за сите посетители – носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 – 2 метри и ограничен број на посетители./А.Д