Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Knizara Smilev fin

31.03.2020 

Сега да се зафатам со една тема која не е многу популарна, но сигурен сум дека ќе биде интересна за Вас и со задоволство ќе прочитате за книжарите и печатот во Велес помеѓу 1919 и 1930 година. Целта е да се слушне, а некои и да се потсетат на времињата кога Велес имал голема улога и бил авангарда на случувањата во културата и образованието во Македонија во тоа време.

Според достапните податоци во учебната 1928/9 година во Велес и велешката околија работеле 39 основни училишта со 2712 ученика. Во велешката гимназија бројот на средношколците изнесувал 175 ученика.

lazarsmilev fin

Согледувајќи ги бројките на ученици, неминовно се создала потребата за отворање на книжарници во градот. Првата книжарница во Велес ја отворил Лазо Смилев во 1919 година и била лоцирана во строгиот центар на градот, под куќата на Шукарови. Ова книжарница била сместена во голема и светла просторија и во неа работеле 4 продавачи. Таа била снабдена со неопходниот училишен материјал и прибор, како учебници, тетратки, атласи, енциклопедии, училишен материјал, прибор за пишување и цртање. Според постари велешани, ова книжарница била добро опремена и им конкурирала на повеќето книжарници во Скопје.

Во текот на 1921 година и Ѓошо Крајничанец отворил книжара која се викала ,, Ѓошо Крајничанец и синови“ и исто така била добро снабдена со книжарски материјали и училишен прибор.

Двете книжари во 1921 година донирале книги и го збогатиле библиотечниот фонд на гимназијата во Велес, а од страна на тогашниот директор на гимназијата, Стефан Симиќ добиле јавна благодарност.

Подоцна во градот се отворени уште две книжарници. Третата од страна на браќата Алексо, Петре и Киро Левкови, на левата страна на Вардар во непосредна близина на гимназијата додека четвртата книжарница била на Димко Урумов, исто така лоцирана во близина на гимназијата.

Smilev fin

Книжарниците имале доста важна улога во снабдувањето на учениците со учебници и прибор. Учебниците биле набавувани и дистрибуирани во согласност со потребите на училиштата, додека училишниот прибор се продавал слободно.

Во нив се продавала и белетристика, но и одредена количина научна и стручна литература, популарни романи од разни жанрови, како и режимскиот печат поточно дневни весници и списанија. Овие весници и списанија биле дистрибуирани и по велешките улици преку колпортери, воглавном деца, кои секојдневно го раздавале.

Со воведување на Шестојануарската диктатура на владата на СХС, во 1929 година, голем број на книжарници биле затворени и со тоа стагнација на книжарската дејност во градот. Прва била затворена книжарницата на Ѓошо Крајничанец, поради, како што е наведено ,, комунистичката припадност на Крајничанец“. Сепак, книжарниците имале важна улога во културно-просветното издигнување на генерации велешани.

Ќе го спомнам и куриозитетот поврзан со книжарот Лазо Смилев кој за прв пат во градот испечатил и продавал разгледници на Велес. Тој според оставените примероци од неговиот фонд, во велешкиот Архив, набавувал и материјали за украсување за Нова Година, за Велигден, додека според сеќавања на постари велешани кај Смилев можеле да се купат и сурати за Прочка.

vesnici fin

Печатот во Велес во овој период може да се каже дека бил легален и нелегален поточно забранет од властите. Легално се продавале дневните весници и списанијата, кои доаѓале воглавном од страна, од големите новинарски центри на тогашна Југославија. Во контекст на режимската политика за Македонија и македонскиот народ се пишувало како дел од српскиот народ во ,,Јужна Србија“.
Затоа дневниот печат немал голем тираж. Најчитани биле весниците ,,Наша Стара Србија“, ,,Привредни Гласник“ и ,,Скопски Гласник“ кои започнале како режимски весници да излегуваат во 1919 година. Тие излегувале два пати неделно, освен ,,Привредни гласник“, кој еден период излегувал како дневен весник.

Во Велес се дистрибуирале и партиски весници како ,,Стара Србија“, орган на Радикалната партија, ,,Демократ“ орган на Демократската партија и други.

Во 1925 година група интелектуалци во Скопје започнале да го издаваат весникот ,,Вардар“, кој бил продаван и читан со што му овозможено да се печати и како дневен весник .Тој добро се продавал во Велес но, една година подоцна поради објавени слободоумни статии во весникот , морал да згасне.

Од месечните и периодични списанија во градот доаѓале детскиот весник ,,Завичај“, весници за земјоделците ,,Земљорадник“ и ,,Јужни Привредник“, како и списанијата ,,Јужни Преглед“, ,,Просветни Радник“, ,,Црква и Живот“ и други.

Весници доаѓале и од големите градови како Белград и Загреб. Од таму во Велес пристигнувале ,,Политика“, ,,Време“, ,,Новости“, во тоа време прорежимски орјентирани со функција да вршат пропаганда поточно преку нив се пласирале режимски ставови и вести.

Но, во Велес се дистрибуирал и илегален печат. Весникот ,,Социјалистичка зора“ бил единствен легален весник кој се печател во Скопје и бил орган на Социјалистичката Работничка Партија на Југославија, која во извесен временски период легално работела. Овој весник голем тираж постигнал во време на Општинските избори во 1920 година, кога Велес станал ,,Црвена комуна“, еден од ретките градови во Кралството СХС каде што на локални избори победила Комунистичката партија.

Ова е период кога низ Велес се растурале весниците ,,Радник“, орган на Независната работничка партија , ,,Млад Радник“ , ,,Организовани Радник“, орган на Независните синдикати, ,,Радничка Зора“, како најпопуларен илегален весник. Од страна доаѓале и ,,Борба“, во кој се обработувале теоретски прашања од марксизмот, ,,Књижевна Република“ списание за култура чиј уредник бил Мирослав Крлежа. Овие списанија биле во латинично издание и немале посебно голем тираж.

Повремено бил дистрибуиран и ,,Македонско Дело“, а од 1924 година и ,,Балканска Федерација“, доста популарен весник. Велешаните Тодор Зографски и Коце Икономов од Ниш донеле по 15 броја, кои потоа биле разнесувани и во други градови низ Македонија.

Доста илегални списанија во Велес пристигнувале и по пошта. Според Бане Андреев, тој на домашната адреса ги добивал списанијата ,,Млад Бољшевик“, ,,Будуќност“ и ,,Борба“.

Да не испуштам дека во 1922 година, во Велес, излегол весникот ,,Искра“, печатен од приврзаници на Комунистичката партија и бил единствен орган на КП, кој на насловната страна ги имал симболите петокрака, срп и чекан , како и слоганот ,,Пролетери од сите земји обединете се“. Весникот излегувал на половина табак, на две страни и во тираж од 100 броја.

Иако излегувал краткотрајно, овој весник бил прифатен од велешани и допринел за определување на македонската самобитност и подигање на македонската национална свест.

Velescentar fin

Се надевам дека е интересно да се читаат вакви исечоци од поновата историја на Велес, работи кои не се доволно познати, но се сепак значајни за нашето минато.

Благодарам за вниманието во ова време кога вам ви се најзначајни вестите поврзани со епидемијата на коронавирусот. Ако успеав за момент да ве оттргнам од нив ќе ви посакам да ми останете здрави, позитивни и релаксирани. Ве поздравува Вашиот хроничар,

Љупчо Данов

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен велосипед (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен велосипед за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен велосипед за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат велосипед од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување велосипед.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на велосипед во висина од 50% од вредноста на велосипедот, но не повеќе од 3.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат велосипед од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на велосипед, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на велосипед од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • велосипедот да го купил од денот на објавување до денот на завршување на Jавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • купениот велосипед да не биде помал од 24” (инчи), односно 60,96 санитметри, односно да одговара на популација деца кои не се помали од 8-9 години.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на велосипед и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на Jавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • изјава дека барателот нема искористено право на поврат на средства за набавка на велосипед на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината).

            Едно физичко лице може да поднесе само едно барање за добивање на субвенција за еден велосипед.

Барањето за надоместување на дел од трошоците  за купен велосипед, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување велосипед”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен велосипед.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

Градоначалникот на Општина Велес на предлогот на Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето. Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од јавниот повик.

 

 

 

                                                                   ОПШТИНА ВЕЛ

Согласно член 4 од Правилникот за условите, начинот и постапката за користење на финансиски средства од Буџетот на Општина Велес за субвенционирање на физички лица од подрачјето на Општина Велес за купен сончев термален колектор (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), а во врска со Одлуката за определување на максимален износ на доделување на поединечна субвенција на физичко лице за купен сончев термален колектор за 2020 година (Службен гласник на Општина Велес бр. 06/20), Општина Велес објавува

ЈАВЕН  ПОВИК

за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор

за 2020 година

 

  1. Опис на јавниот повик

 

Општина Велес на физичките лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавувањето на јавниот повик 27.05.2020г., заклучно со 26.06.2020г. ќе им субвенционира дел од трошоците направени при купување сончев термален колектор.

На барателот ќе му се надоместат дел од трошоците направени при набавка на сончев термален колектор во висина од 50% од вредноста на сончевиот колектор, но не повеќе од 20.000,00 денари по лице, со вклучен персонален данок на доход.

Јавниот повик ќе се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

  1. Право на учетво на јавниот повик

 

Право на учество на овој Јавен повик имаат физички лица кои ќе купат сончев термален колектор од денот на објавата на јавниот повик па се до 26.06.2020г., ќе поднесат барање за надоместување на дел од трошоците за набавка на сончев термален колектор, а кои ги исполнуваат условите од овој Јавен повик.

  1. Услови што треба да ги исполни барателот

Физичкото лице/барател е должно да ги исполни следниве услови:

  • да е жител на Општина Велес,
  • да нема добиено финансиски средства за набавка на сончев термален колектор од било кој извор во Република Северна Македонија (не го искористил правото на субвенционирање по овој основ),
  • сончевиот термален колектор да го купил од денот на објавување до денот на завршување на јавниот повик, односно до исцрпувањето на буџетот за оваа намена,
  • сончевиот термален колектор да биде инсталиран на адресата на живеење наведена во личната карта на барателот,
  • станбениот објект да не е во фаза на градба и во него барателот да живее,
  • само едно лице од домаќинството може да поднесе барање за добивање на надоместок.
  1. Начин на пријавување на јавниот повик

Барателот за добивање субвенција е должен да ја поднесе следната документација:

  • Барање за субвенција (Барањето може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се обезбеди од интернет страницата на Општината: www.veles.gov.mk),
  • фотокопија на важечка лична карта на барателот, како доказ дека е жител на Општина Велес,
  • изјава дека барателот и членовите на неговото семејство/домаќинство немаат искористено право на поврат на средства за набавка на сончев термален колектор на друг јавен повик од било кој извор во Република Северна Македонија (Изјавата може да се подигне во архивата на Општина Велес или да се превземе електронски од веб страната на општината),
  • фотокопија од трансакциска сметка на барателот,
  • доказ дека е извршено купување на сончев термален колектор и тоа: фискална сметка во оригинал или фактура со извод од деловна банка, со датум од денот на објавувањето до денот на завршувањето на јавниот повик, односно до денот на исцрпување на средствата по овој основ,
  • потврда за платен данок на имот за станбениот објект каде е инсталиран сончевиот термален колектор заклучно со претходната година пред објавување на јавниот повик.

Барањето за надоместување на дел од трошоците за купен сончев термален колектор, заедно со потребната документација се поднесува во архивата на Општина Велес, на ул. Панко Брашнар бр. 1 Велес, секој работен ден од 07.30 до 15.30 часот, во затворен плик.

На пликот треба да е наведено: “Јавен повик за надоместување на дел од трошоците на физички лица за купување сончев термален колектор”.

Архивата на Општина Велес примените барања ќе ги евидентира со точното време на поднесување (датум, час и минута), заради воспоставување редослед по кој ќе се разгледуваат барањата.

  1. Начин на спроведување на Јавниот повик

 

За спроведување на Јавниот повик, Градоначалникот формира Комисија за спроведување на постапката за субвенционирање на физички лица за купен сончев термален колектор.

Општина Велес дополнително ќе ја извести јавноста за продолжување на рокот и по изминување на рокот од овој Јавен повик заради целосно исцрпување на средствата.

Финансиските средства ќе се сметаат за исцрпени односно доделени кога на предлог на Комисијата, Градоначалникот на Општина Велес ќе донесе решение за исплата на средствата.

  1. Начин на остварување на правото на надоместок

По секое поединечно комплетно барање, Комисијата врши увид дека колекторот е купен и инсталиран во живеалиштето според личната карта на барателот, дека станбениот објект не е во фаза на градба и во него барателот живее.

Барателот е должен да и овозможи пристап на Комисијата до станбениот објект и просторот каде е инсталиран сончевиот термален колектор.

Од извршениот увид Комисијата изготвува записник со приложена фотодокументација.

Градоначалникот на Општина Велес на предлог од Комисијата носи решение за одобрување на барањето за барателите кои ги исполниле условите согласно Јавниот повик и исплата во рок од 30 дена од објавувањето на листата на физички лица за кои е донесено решение за одобрување на барањето.

Уплатата на персоналниот данок на доход кој се одбива од доделената поединечна субвенција ќе ја изврши Општина Велес.  

Градоначалникот на Општина Велес на предлог на Комисијата носи решение за одбивање на барањето во рок од 20 дена од денот на завршувањето на Јавниот повик за барателите кои не ги исполниле условите од овој Јавен повик.

 

 

 

                                                                    ОПШТИНА ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново