Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Promocija3

Рефлексивна поезија што произлегува од сите пет сетила кои се вклопени синестетички, но и во исто време, будничка поезија нешто што денеска ни е особено неопходно во ова наше време содржи книгата „Мисловна вртелешка“ со поднаслов “Будилка на сетилата“ на велешанката Светлана Босилкова Далевска. Во исто време таа содржи и будничка поезија нешто што денеска ни е особено потребно во ова наше време.

PromocijaSvetlana fin

- Рецензентотскиот текст за оваа лнига го насловив „Меѓу семјотиката и кибернетиката на сетилната комуникација бидејќи оваа поезија произлегува од сите пет сетила и во неа сите пет сетила се вклопени синестетички што значи овдека синестезијата се надоврзува на синтретизмот нешто што особено доаѓа до израз и преку самото графичко решение на книгата. Зад „Мисловна вртелешка “ стои автор со големо животно искуство, стекнато по патеките на животот, но и нова интелектуална емигрантска поезија што ќе дојде кај нас и повторно ќе не врати во кругот во кој што живееме. Впрочем оваа книга и не залудно го носи насловот Вртелешка бидејќи се во животот се врти, се е извесен круг, независно од каде се сме почнале и што се сме направиле, ние повторно се враќаме на оние теми кои што биле преокупација од самото наше детство, рече проф. д-р Димитар Пандев.

Promocija2

Ова е втора поетска книга на Светлана Босилкова Далевска. Авторката за поезијата рече дека е специфична форма за која што не се потребни подготовки и планови бидејќи се раѓа од мисла во мисла, од момент во миг , се лови од секвенци од животот кога се добива инспирацијата за пишување.

- Почнав да пишувам поезија по еден настан што многу ме потресе, ги надразни моите сетила, и е поврзан со моментот кога почина мој пријател, другар од мали нозе, од детство а тоа е др Милчо Трајков. Потоа како да се отвори менталната визија, се редеа стихови, секој ден пишував песна, се случуваше чудо. Поезијата можеме да ја разбереме и како еволуција на поетот затоа што почетникот сака, па дали може да пишува по што доаѓа знаењето и искуството. Јазикот мора да се искристализира за да може да ја создаде песната, поезијата. Во книгата песните се на егзистенционални теми, додаде Босилкова Далевска.

promocija1

„Мисловна вртелешка “ содржи 45 песни, поделени во четири циклуси од кои првиот и вториот создаваат единство додека третиот содржи љубовна а четвртиот циклус содржи родољубива и друг вид на поезија.
На авторката ова и е втора книга по веќе издадениот прв, роман „Лавица на жица“. На денешната промоција во локалната библиотека „Гоце Делчев“ пред присутните освен рецензентот присуствуваа и модераторот професор Светлана Ќулумова како и повеќемина роднокрајни поети и љубители на пишаниот збор и литература./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен состав се донесоа следниве заклучоци:

  • За спроведувањето и реализацијата на препораките за ограничено движење на граѓаните на јавните места и во институциите, Општина Велес ќе ја известува јавноста преку официјалната интернет страница, преку официјалните социјални мрежи, како и преку електронските и пишани локални медиуми;
  • Поради неисправноста на водата во село Сопот за потребите на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбедува достава на канистер со вода за техничка употреба и флаширана вода за пиење.

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Предложената мерка, Малиот пазар во „Нова населба”,
да остане затворен за работа, останува во сила;
- ЈКП „Дервен” да донесе Одлука во врска со работењето
на Градскиот пазар да работи секој ден, од 06:00 до
13:00 часот;
- Да се ограничи продажбата исклучиво само на
земјоделски производи (овошје, зеленчук и други
прехрамбени производи);
- Прехрамбените производи да бидат изложени на секоја
втора тезга во редот;
- Да се изврши оградување на паркинг просторот надвор
од пазарот, да не се дозволува продажба на производи;
- Да се регулира влегувањето и излегувањето на
посетителите во пазарот, со два влезови;
- Пред влезовите да се забележи влегувањето преку
двајца редари и да се внимава на физичикото
растојание при влегувањето;
- Задолжително носење на заштита опрема (маски и
ракавици) на продавачите;
- На влезовите да биде поставено средство за
дезинфицирање и маски за потребите на купувачите;
- Местото на продажба на производи од ист вид, се
утврдува од раководителот на ЈП Пазари при
доделувањето на тезгата за продажба;
- ЈКП „Дервен” се задолжува преку јасно видливо
известување до граѓаните да го определи
времетраењето на задржување на купувачот во пазарот;

- По препораки на Светската Здравствена Организација
(СЗО) ЈКП „Дервен” од денес врши зголемување на
нивото на хлор во водоснабдителниот систем по 0,5 ml/L
милиграми на литар резидуален хлор во градскиот
водоснабдителен систем;
- Согласно Оперативниот план за дезинфицирање се
задолжува ЈКП „Дервен” да спроведе дезинфицирање на
на детските забавни паркови, спортските терени,
патеката околу езерото „Младост” и други јавни
површини во градот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се задолжуваат мобилните тимови на МВР – СВР Велес
на двата пунктови при влезот во град Велес, одредени
на улиците „Вардарска” и „Димитар Влахов”, да вршат
редовна контрола на физичката состојба на учесниците
во сообраќајот, како и дезинфенкција на возилата;
- Се задолжува МВР – СВР Велес да одреди тимови кои
ќе вршат контрола на движењето на граѓаните кон езеро
„Младост”;
- МВР одредува една патрола со двајца униформирани
полицајци за воведување на ред на влезовите на
пазарот.

 

veles

Општина Велес ја известува јавноста дека на четвртата
седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, која
се одржа на 23 март 2020 година (понеделник) во проширен
состав се донесоа следниве заклучоци:
- Се упатуваат управителите на згради, претседателите
или претставници на куќните совети на станбените
згради, да стапат во контакт со Центарот за јавно здравје
со цел добивање конкретни информации за начинот на
употреба на средства за дезинфицирање на зедничките
простории, телефон за контакт: 078 246 729.

 

 

 

 
   
   
   
   

Најново