Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

dedovnuk fn

Вечерва, со почеток во 20 часот, во Киноверзум во Свети Николе ќе бде прикажан македонскиот филм „Дедо внук“. Кино претставата започнува во 20 часот.
После смртта на едно дете пациент, кое чека лекување во странство, настанува скандал и младиот доктор Никола за да го избегне притисокот е приморан да оди во посета кај дедо му, каде што не бил повеќе од 10 години и таму се сретнува со проблемите од неговото минато.

Илија Пиперкоски, е автор на сценариото за филмот. Тој успешно ја раскажува прекрасната приказна, со која сите гледачи ќе можат длабоко да се идентификуваат - проблемите со здравството, политиката, корупцијата, но и обичните човечки приказни и односи момче-девојка, татко-син и дедо-внук.

Грешките од младоста често знаат да отворат големи дупки подоцна во животот на секој од нас, па посетителите во многу делови од филмот ги препознаа сопствените или проблемите од нивните најблиски и пријатели.

Покрај Салаетин Билал, во филмот играат и Дејан Лилиќ, Даниела Ивановска, Горан Стојаноски, Благој Веселинов и други актери, меѓу кои се истакна и тогаш 12-годишниот охриѓанец Наум Цветкоски. Продуцент на флмот е Огнен Антов од „Друм фактори“, во соработка со: „Пандорас бокс продукција“ и „Елиен филм“. Флмот е финансиски помогнат од Агенцијата за филм. Директор на фотографија е романецот Патру Паунеску, сценографијата е на Владимир Зафирковски, костимограф е Жаклина Крстевска, монтажата ја направи Данчо Стефков  и автор на музката е Оливер Тевчев  ./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново