Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

zlozba fn

На 20 големи паноа преку фотографии во боја се прикажани градови во Шпанија каде што живееле Евреите Сефарди.Тие ја сочинуваат изложбата со наслов “Descubre Sefarad” (Патот на Сефардите), што денеска свечено беше отворена во Градската билотека „Гоце Делчев“ во Велес . Изложбата се состои од : главна фотографија, фотографија на секој од осумнаесетте градови на Мрежата на еврејски населби и фотографија посветена на традиционалната сефардска гастрономија.

Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје и шпанското здружение „Каминос Де Сефарад" на велешани им го пркажуваат магичното патување низ градовите Авила, Кордоба, Толедо, Овиедо, Рибадавија како и уште 13 други градови во убавата Шпанија преку фотографии кои зрачат со спокојство и хармонија.

gormurgjeva fn

 

- Овие фотографии претставени на изложбата се убав колаж од животното секојдневие на Евреите Сеферди во Шпанија. Изложбата била претставена во големите европски градови па и Јапонија. Изложбата ја добивме преку Амбасадата на Кралството Шпанија во Скопје по повод 25 години од нејзиното отворање во земјава, а премиерно беше отворена лани ви јули во Скопје“, рече Жаклина Муџева од Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите.

fotk fn

Најголем дел од Евреите кои живееле во Македонија до Втората светска војна се Сефарди од Шпанија,а само две семејства се Ашкенази кои се по потекло од Германија и Полска.

gradonacalnk fn

Здружението на еврејски населби на Шпанија „Caminos de Sefarad“ е автор на оваа изложба која гостувала и во Берлин, Краков, Белград и Токио. Поводот за ова фотографско уживање е 25 годишнината од воспоставувањето на билатералните односи на нашата земја со Кралството Шпанија. Изложбата, лани во јули беше отворена во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите во Скопје. Досега беше поставена во Скопје, Штип, Струмица, Гевгелија и Неготино. /У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново