Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Valjevo fin

Изминатиот викенд македонската стрип-сцена беше претставена во Србија, преку изложбата „Македонски стрип“, во галеријата на Центарот за култура во Ваљево. Изложбата е дел од официјалната програма на третиот „Ваљевски стрип-фестивал“. На неа со свои дела мегу другите беа застапени и велешаните : Лазар Ангелков, Оливер Цветковски, Васил Гаврилов, Трајков и Илко Стојановски . Селектор и промотер на македонските стрипови беше Томе Трајков, координатор на Стрип-центарот на Македонија и на Меѓународниот салон на стрип во Велес,којшто присуствуваше како специјален гостин на овој фестивал.

TomeTrajkov fin

– Избрани се стрипови од разни генерации, меѓу кои и на прерано починатиот бард на македонскиот стрип Љупчо Филипов. Доминираа стрипови од актуелните македонски автори што изложувале на Меѓународниот стрип-салон во Велес и во магазинот „Креатор“, единственото постојано стрип-издание кај нас ,рече Трајков.

Ова е едно од ретките групни организирани претставување на македонската стрип-сцена надвор од државните граници. Последен пат македонскиот стрип гостуваше во странство во 2013 година, кога во Лесковац, на Балканската смотра на млади стрип-автори, беше поставена изложбата насловена „Македонскиот стрип денес“.

Valjevopokana fin

Патем ,македонскиот стрип е застапен и меѓу наградените на стрип конкурс кадешто пристигнаа дела на 103 автори од 11 земји (Босна и Херцеговина, Бугарија, Канада, Литванија, С.Македонија, Романија, Русија, Србија, Унгарија, Уругвај и Црна Гора)

Стрипот „Си беше еднаш еден човек“ на сценаристот Александар Стеванов од Штип и илустраторот Дарко Богданов од Виница е прогласен за најдобар во категоријата „раскажување“. Меѓу наградените е Златко Крстевски од Прилеп,кој беше прогласен за најдобар во категоријата „Општествен ангажман“./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново