Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Igor Krajcev fin

На меѓународната конференција „Петар Канавелич и Корчула“ која кон крајот на мај, годинава, се одржа на островот Корчула, Република Хрватска, учествуваше и македонскиот автор Игор Крајчев, со научно-книжевно излагање на тема „Петар Канавелич и Јордан Хаџи Константинов Џинот“. Покрај излагањето, Крајчев ја имаше и првата промоција на својата нова поетска книга „21“, на македонски и англиски јазик.

Најзначаен дел на конференција беше традиционалното доделување на значајната меѓународна награда „Петар Канавелич“. Престижната награда ја доделува Хрватското книжевно друштво, токму на оваа манифестација и досега ја добиле значајни книжевни дејци од многу земји.

Годинава, Хрватското книжевно друштво престижната награда му ја додели на Игор Крајчев за книжевни и научни достигнувања.

Исто така, за книгата со наслов „21“ Крајчев е добитник и на престижнатата награда „Јован Котески“ за нова необјавена поетска книга на Струшките книжевни средби.

- Среќен сум што добивам признанија од книжевната фела, иако наградите не се мојот приоритет затоа што сметам дека моето творештво не е заокружено и дека имам уште многу што да кажам и да придонесам за современата македонска книжевност. Секако тоа не значи дека истите не ми значат, туку дека ги прифаќам како своевиден патоказ дека се наоѓам на вистинскиот пат и се поттик за уште понапорна работа и уште нови дела, рече Крајчев./У.Ј

Поврзани вести

web banner 300x250 Sinalco Duma

banerknigovodstvo

E baner

Најново

Швајцарската мултинационална компанија активна во областа на фармацијата и производство на медицински помагала РОНТИС, заради зголемување на својот постоечки капацитет во фабриката во Велес, има потреба да вработи:

20 (дваесет) Оператори во производство

Кандидатите треба да ги поседуваат следните квалификации:

  • ССС
  • Со или без работно искуство

ДПТ РОНТИС ДООЕЛ Велес ги охрабрува сите заинтересирани кандидати  да аплицираат, без разлика на нивната полова, верска или национална припадност.

Доколку сте заинтересирани, Ве молиме пратете ја Вашата биографија (CV) со фотографија на hrmk@rontis.com  или на адреса:                                  ДПТ РОНТИС ДООЕЛ   с. Долно Оризари бб, Велес 1400 (со назнака за Оператор ), најдоцна до 30/10/2019 година.