Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

stripHavana fin

Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес го продолжува континуитетот на стрип изданија на македонски јазик. Издадени се стрип книгите „ ХАВАНА САД“ од Гани Јакупи од Косово , „РЕКВИЈЕМ“ од авторите Марко Стојановиќ, Марко Николиќ и Дејан Ненадов од Србија како и „1990-1999 ВИЗУЕЛНА ХРОНИКА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП“ од Александар Стеванов , од Штип.

Првоспоменатите се македонски изданија на стрип книги издадени врз основа на богатата интернационална соработка што Стрип центарот од Велес ја реализира долги низа години.

strip fin

Книгата „1990 -1999 ВИЗУЕЛНА ХРОНИКА НА МАКЕДОНСКИОТ СТРИП “ претставува успешен обид на младиот, но веќе докажан македонски стрип сценарист и хроничар, Александар Стеванов да го афирмира и систематизира тешко видливиот, но реален континуитет на деветата уметност во нашата држава. Периодот што е обработуван започнува со осамостојувањето на Република Македонија кога во нашата држава веќе не се дистрибуираат изданија на српски јазик.

Освен споменатите стрип книги , од печат излезе и ревијата „СТРИП КРЕАТОР “ бр 29 и 30. Ревијаата е единствено македонско стрип издание во кое, освен подобрите стрипови од традиционалниот Интернационален стрип салон , заслужен простор добиваат и македонски автори од разни генерации како што се Миле Топуз, Александар Стеванов, Тоде Блажевски, Јана Илиевска, Васко Гаврилов, Ана Марија Стеваноска, Јана Бутеска.

stripRekvijemVekovnici

Издавачот укажува дека до сега не се издадени планираните стрип книги „Итар Пејо“ - 3 дел, од Диме Иванов - Димано и „Кирил и Методи“ од Миле Топуз. Двајцата автори се македонски стрип доајени. Причина за тоа се недоволните средства од страна на Министерството за култура. Доделената сума на средства не ги покрива ниту елементарните трошоци за печатење на што е укажано со поднесени жалби од страна на издавачот кој се надева дека во интерес на развојот на македонската стрип култура ќе биде разбран од министерството.

peskaravel

deltaprom

malina

babuna1

Поврзани вести

Kozuvcanka NG 300x250 Duma

veles2

gradsko1

caska

JPVLISICE

romantik1

jkpsvetinikole

crvenkrst2

vmro

biblioteka

fokus1

teatar

sekerce

gradinka

macaovcarova

konsalting

АПЕЛ ЗА ПОМОШ НА СЕМЕЈСТВОТО МАНЕВИ

На 20 декември 2019 година во пожарот што изби во комплексот Варналиите, во Велес, на улица: „Јован Наумов Алабакот“ целосно е оштетена и куќата со реден број 10 на семејството Маневи во која живееја Љубица и Бојан. Огнот ги пеплоса покуќнината, мебел, технички апарати и гардероба. Тие немаат каде да живеат. Засега се згрижени кај роднини. На Љубица и Бојан им е потребна граѓанската помош и поддршка. Граѓани, да му покажеме на ова семејство, дека не е само во загубата на имотот. 

Пред и за време на новогодишните и божикни празници, секој од Вас колку што може нека донира на сметка 210-5016284563-22, депонент НЛБ Тутунска Банка АД Скопје. Сопственик на сметката е Манева Љубица со живеалиште на ул. Јован Наумов Алабакот број 10 во Велес. Број на повикување за физички лица е 289, за правни лицае 262, со назнака донација.

За добронамерните граѓани надвор од Македонија уплатите можат да се вршат на IBAN Code MK7210501628456322, SWIFT TUTNMK22.

Најново