Овации и аплаузи за уметничките интерпретации на седумте првенци на МОБ на Новогодишно божикниот концерт во Велес
Под диригентската палка на Иван Еминовиќ и музичката изведба на 53 членови на оркестарот, во средата на 26 Декември на големата сцена во зградата на Народниот театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес настапија седум првенци на Македонската опера и балет: Весна Гиновска Илкова, Славица Петровска Галиќ, Зоран Сотиров, Ристе Велков, Ана Ројдева Талевска, Наде Талевска и Ѓорѓи Цуцковски.
Изведбата на ариите од најпознатите светски оперски класици: „Кармен“ од Жорж Бизе, „Риголето“ и „Травијата“ од Џузепе Верди, „Мадам Батерфлај“ и „Турандот“ од Џакомо Пучини, „Севилскиот бербер“ од Џоакино Росини, „Ромео и Јулија“ од Шарл Гуно, „Хофманови приказни“ од Жак Офенбах како и други дела од светската оперска уметност ги проследи огромен број на публика.Голем дел од нив стоејќи бидејќи салата беше исполнета до последното место. Тие ги наградија уметниците со огромни аплаузи.
Новогодишно-божиќниот гала-концерт што го организираше Општина Велес со поддршка на Народниот театар „ЈХК-Џинот“ и Ротари клуб-Велес
По тринаесет години вљубениците во класичната музика и опера повторно уживаа во извонредните изведби на оперските певици и пејачи. Културната понуда во градот веќе во февруари 2019 година ќе се збогати со настапот на МОБ со балетот „Либер танго“, најавија од Општина Велес./У.Ј.