Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

muzickaklavir fin

Во Ликовниот салон во Велес, во средата вечерта на 24 октомври, беше промовирана четвртата поетска збирка на м-р Божидар Јовиќ со наслов “Извори на животот“. Откако пред година ипол тој на љубителите на прозата им подари прозно дело во него се чини дека поетското не можеше предолго да молчи пред налетите на стиховите во неговата разбранувана поетска појава. Пројавата во повеќе жанрови е разбирлива и логична со оглед на талентираноста и способноста на Божидар како автор да се размавне со своето перо и со своевидна леснотија да твори и книжевно да егзистира на повеќе книжевни полиња, рече пред присутните писателот м-р Игор Крајчев, директор на библиотека „Гоце Делчев“ во Велес.

igor fin

-Зар има нешто кое во исто време е и толку комплицирано е и толку величествено а е доволно вредно за да се испее цела низа стихови, отколку животот. Животот со сите свои подеми и падови, со сите ѕвездени и правливи мигови, со сите насмеввки и солзи е оној неисцрплив, непресушен бунар од кој црпи поетската душа на Божидар Јовиќ. Неговата сензитивна поетска рака ја регистрира реалноста која опкружува и истата ја пресликува низ стихови, праќајки ја притоа низ себеси во светот, рече м-р Крајчев.

publika1in

Тој додаде дека поетот со сиот свој книжевен и емпириски габарит како да сака уште еднаш, веројатно под влијание на учителот кој никогаш не отстапува од својот принцип да поучии посоветува за клучните , за најважните работи во животот: мудрост, однесување, знаење, работа,татковина,одговорност,вистина на кои им посветува стихови и цели песни за да створи трага кај читателот дека секоја тема е своевиден извор на животот.

jasmina fin

Првите честитки за издадената четврта стихозбирка авторот ги доби од своите колеги од Клубот на писатели „Кочо Рацин“ и од уредникот Сашко Ристовски што лично му ги пренесе поетесата Јасмина Ѓоргиева.

pencoiubavka fin

bozo sam fin

- Ми преставува особено задоволство што денеска го проценив животот од друга страна. Настојувајќи и ослободувајќи се од подготовката на стручна литература да навлезам во сопствениот живот, што значи едно друго гледање на себе си, на просторот, на луѓето, на довербата, на достоинството, на љубовта. Се ова преставува вистинска љубов, доверба, откривање на спознанијата, на среќата, на почитта, на животот, на работата. Се ова значи да се отвори нов простор во поезијата, рече авторот м-р Божидар Јовиќ.

violinistki fin

Неговиот поетски лиризам е распослан во редовите од стихови што ги содржи стихозбирката „Извори на животот“ и ги чека читателите.

М-р Божидар Јовиќ е автор на повеќе стручни дела од областа на образованието и педагогијата, на еден роман и на четири стихозбирки./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново