Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Ланската година, на денот на чествувањето на делото на Коста Солев Рацин, на Спомен Костурницата ми пријде еден непознат гостин, учесник на Рациновите средби и ми постави едно, за мене деликатно прашање, има ли тука да се види и прочита кои борци почиваат во Спомен костурницата?
Малку резервирано му споменав дека надвор, пред влезот имаше табли со имињата на сите борци од Велес и велешко, загинати во НОБ, но поради чистење се моментално одстранети. Човекот заврте со главата , а мене ме остави во мисла, навистина , ја реконструиравме Спомен Костурницата, ама добронамерниците не можат да прочитаат никаде кои луѓе и чии коски почиваат во нејзе. 

Го пронајдов и зачував списокот на сите борци , чии посмртни останки се наоѓаат во криптата , позади споменикот во самата Костурница.

Во табелите на плочите кои постоеја порано, но беа украдени од несовесни граѓани, беа испишани имињата на сите загинати борци во Втората световна војна. Овој текст е придонес за потсетување според криптата на Спомен Костурницата каде почиваат посмртните останки на следните борци:

Кочо Солев Рацин
Димче Мирчев
Благој Страчков
Благој Јанушев
Невена Николова Дуња
Коле Цветков Балас
Орце Шутев
Благој Абрашев
Киро Пракицов
Пеце Раков
Јовче Тикваров
Тоше Саздов
Стеван Бобевски Калчо
Ико Капчев
Ката Капчева
Ѓоре Органџиев
Владо Кошулчев
Благој Јосмов
Јовче Ќучук
Богдан Каракостев
Киро Зафиров
Славко Давчев
Борис Карпузов
Иван Панов
Благој Левков
Орце Јорданов Дубровчето
Благој Ѓорев
Јовче Тесличков
Тоде Митрев
Велјан Шојлев
Рампе Милевски
Трајче Петкановски
Трајко Панов
Коле Кошулчев
Родна Ивева
Нада Бутникошарова
Миле Алексов Миланов
Коце Димов Витамин
Коле Павлов Димов Кокошарчето
Никола Петров Давчев
Ивче Јорданов Јованов
Благој Костовски
Тоде Илиев
Бошко Златанов
Цветан Соколов Арсов
Богдан Прличков
Трајко Капчев
Петре Мирчевски
Ристо Попов
Петре Стефанов
Кире Рогужаров
Благој Кирков
Маца Овчарова
Анде Кошулчев
Киро Ќучук
Димо Најдов Џандарот
Коле Дрнков
Орце Џурнов
Петре Миланов Спасев
Јован Димов Ѓошев
Борис Атанасов Димов
Лазо Здравевски
Анасто Димов Анастасов
Славе Делов
Славе Гелев
Ивче Kамев Мирче
Милан Давев Зафиров
Иле Јанушев Здравков
Димче Митев Николов
Ангел ТемелковДимов
Пеце Андов
Трајко Јовчев Манев
Ѓорѓи Славков Ѓорѓиевски
Милан Тевчев
Крсте Николов Димов
Тоде Андреев Игнов
Панче Трајков Дамевски
Тодор Киро Зафиров
Стојан Стојанов Андреев
Предраг Димитриевиќ
Нонча Камишова
Боге Климкаров
Тодор Јанев
Цветан Соколов Арсов
Панче Пешев
Иван Басаров
Милан Гиновски
Шефки Џемаил Оџата
Мицко Козар
Благој Нечев
Стојан Трајковски
Ристо Ѓорѓиев Атанасов
Шефки Сали
Трајче Настов
Славе Петков
Лазо Осмаков
Божидар Коцев Брзаков
Лазо Марински
Васа Тодорова
Мите Миланов Китановски
Илија Стојчев Тошев
Ванчо Ѓакот
Тоде Спировски Димитриевски

Сметам дека треба да направиме нешто за да ги вратиме имињата на метата што за нив беа изградени и за повторно да не ми пријде посетител со прашање кому е посветено грандиозното спомен обележје. А можно е и едноставно е бидејќи само треба да ги преточиме барем неколкуте телопи од форекс и да ги поставиме на влезот на Костурницата, за да може секој добронамерник, да ги види и прочита.

Им го должиме тоа на овие велешки херои, колку поскоро толку подобро, помалку срам пред добронамерниците кои положуваат цвеќе, им се поклонуваат и оддаваат почит иако сите можеби и незнаат кому.

Љупчо Данов

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново