Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Признание за доживотни заслуги во културата од Казакстан ја заокружи творечката работа на поетот Љубомир Михајловски од Центарот за научна фантастика „Визија “ од Велес. Признанието што тој го доби го доделува Здужението на поети формирано пред пет години и што тоа се доделува на лица кои преку литературата го шират мирот во светски рамки. И додека Михајловски дома се бори со предизвикот како да го стави во функција добиениот бесплатен простор на граѓанското здружение од општината во најновиот број на меѓународниот магазин за литература, посветен на жената, „Кафоа“ чие седиште се наоѓа во градот Шандигаре во Индија  објавени се две две негови песни. Под насловот на песните стои името на авторот Михајловски и името на државата Македонија.

- Една од објавените песни и е посветена на мојата сопруга а втората на сестра ми. Ова е доказ дека продолжува објавувањето на македонската поезија на места што таа ги заслужува. Станува збор за научно фантастична поезија . Сакам да додадам дека е навистина убаво што научната фантастика како поезија се рангира во тековната поезија на светот, рече Михајловски.

Тој е особено горд на фактот што до објавените негови песни стои името на државата Македонија и што светот практикува повисоки критериуми според кои признанија на научнофантастичната поезија и доделуваат  здруженија што препознаваат потенцијали во оваој вид на поетски труд. Тие вреднуваат и друг вид творештво во севкупната дејност на планетата Земја./У.Ј

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

lifer gif 300x250 Duma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

Почитувани,

Општина Велес ја известува јавноста дека Градскиот пазар во Велес наместо во вообичаените пазарни денови, отворен е за работа секој ден, од понеделник до недела, од 07:00 до 14:00 часот.

Претходно донесените мерки за Градскиот пазар сè уште се на сила.

Малиот пазар во Нова населба останува затворен за работа, затоа што сè уште не се создадени услови за негово повторно отворање.

Општина Велес упатува апел до сите жители на општината за почитување и придржување кон мерките за превенција и заштита од ширење на Ковид-19 (коронавирус).

Јавното здравје е заедничка одговорност.

Со почит,

Општина Велес

 
   
   
   
   

Најново