Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Колектив Ветерница со танцовата претстава „Ова не е сон“ во рамките на Новиот културен бран ќе се прикаже во сабота на 2 декември во театарот Јордан Хаџи Константинов - Џинот во Велес.  Перформансот е резултат на работата во рамките на редовните часови по танцов театар со деца од 6 до 12 години.

„Ова не е сон“ е танцова приказна за виртуелниот свет во кој блиску се испреплетуваат возможното и невозможното, реалноста и илузијата, сонот и јавето, вистината и лагата, свесното и несвесното, чекањето и очекувањата, јас и ние, тие и вие и сите ние.

- Дојдете да се погледнеме со други очи, низ искреноста на децата и да се насмееме на нашата човечка несмасност. Низ процесот на работа храбро ги истражувавме границите на нашето заедничко создавање почитувајќи ја индивидуалноста како основата на здружувањето, но исто така и нашите капацитети и волја за негување на танцовиот театар, велат од Колектив Ветерница.

Изведбата е закажана со почеток во 18:00 часот.

Инаку, Колективот Ветерница активно работи во областа на театарот за деца и млади веќе 5 години притоа негувајќи ги принципите на самоодржливост, самоорганизација и хоризонтална структура и поставувајќи ја уметноста како есенцијална за правилен раст и развој на децата, но и на целото општество воопшто. /У.Ј

 

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

Duma Banner

ezgif.com video to gif1

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

           

Општина Велес ја информира јавноста дека, првото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 07 јуни (недела) 2020 год. во периодот од 05.00 до 06. 30 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 08 јуни (понеделник) 2020 год.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

 
   
   
   
   

Најново