Промоција на Амбасадата на поети на Светот во Македонија пред публиката во Ниш
Во големата сала на Домот на Армијата во Ниш, Република Србија, изминатиот петок на 23 јуни, се оддржа промоција на јубилејниот 20 број на гласилото „Средби“ на Здружението на писатели Чегар од Ниш, Србија. Тоа е традиционален соработник и партнер на Амбасадата Поети на Светот во Македонија. Тоа беше повод за поканата и присуството на македонскиот амбасадор на Поети на Светот во Македонија, Љубомир Михајловски на промоцијата.
– Поканата е израз на почит од страна на ова здружение на писатели од Ниш кон моите напори за афирмација на српски автори на светската поетска сцена. Имено авторите Александар Николиќ од Лесковац и Весна Ѓурковиќ од Ниш, преку мене се представени на индиската читачка публика, а моментално во припрема е збирка песни на Марица Поповиќ од Ниш, во издание на Амбасадата и „Визија“ – Центар за научна фантастика на Македонија, рече Михајловски.
Тој на културниот настан во Ниш настапи со избор од неговата НФ поезија, преведен на српски јазик се додека еден српски поет не побарал истите песни да ги чита и на македонски јазик.
– Гестот ме преплави со пријатни емоции не само мене туку и останантите присутни кои беа во завиден број, рече Михајловски.
Оваа средба е всушност е продолжување на започната соработка меѓу Амбасадата и српските писатели по поетското чествување на православниот Божиќ во Ниш, годинава во месец јануари, и секако една реалност која отвора пресперктива за долготрајна културна соработка меѓу творците на културата од Македонија и од Србија.
Михајловски потенцираше дека реалните средби меѓу творците претставуваат резиме на дотогаш направеното и заземање стратегии како и со што понатаму да се збогатува започнатата соработка. Тој својот став го соопштил и во Ниш каде присутните биле пријатно изненадени од неговата желба за продолжување на веќе започнатото трасирање на патот што ќе овозможи сеопшто приближување на културата до сите народи бидејќи „пат се гради во сегашноста за да се користи во иднината“./У.Ј