Премиера на „Тирамису“ во велешки театар
Објавено на 28 јуни, 2017 во 08:14
Најновата продукција поточно театарската претстава „Тирамису“ е работена според Јоана Овшианко, во режија и адаптација на Теа Беговска.
Во претставата настапуваат актерите Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Талија Настова, Марија Стефановска, Фаик Мефаиловски, Душица Настова, Жарко Спасовски и Румена Шопова.
Премиерата ќе се одржи во петок, 30 јуни, на големата сцена на театарот со почеток во 20 часот./У.Ј