Велешкиот младински црковен хор освои три награди на меѓународен фестивал во Москва
Младинскиот црковен хор „Свети Кирил и Методиј“ на Повардарска епархија и диригентот Веселинка Маџарова освоија три награди на петнаесеттиот московско меѓународен детско младински музички фестивал „Звуци Москва“ што од 11 до 14 мај, годинава, се одржува во руската метропола. Хорот во Велес се враќа со освоени прво место во духовна категорија и најдобра изведба на православна духовна музика, прво место во категорија на световна музика и најдобар диригент во категорија академско хорско пеење.
– За нас беше голем успех и победа што влеговме во конкуренција со 180 хора во светот. Морална сатисфакција и потврда за вложениот труд и големата љубов на сите хористи се освоените највисоки награди на меѓународниот натпревар “Звучит Москва”. Се гордеам со девојчињата, му благодарам на Владиката Агатангел за неизмерната поддршка и вербата во нас, а исто така и на Општина Велес и градоначалникот Славчо Чадиев, Градоначалник на Општина Велес што секогаш не поддржува во напорите достоинствено да го претставиме градот и државата, напиша диригентката Маџарова во нејзиниот Фејсбук статус.
Младинскиот црковен хор во Москва настапи на 11 мај на натпревар во конкуренција на хористи од вкупно 180 држави во светот. И покрај силна конкуренција освои три вредни награди./У.Ј