Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Четириесетина уметнички дела, создадени на дванаесетата сликарско - копаничарска колонија „Папрадишки мајстори“, вчеравечер беа изложени во ликовниот салон во Велес, по повод празникот на градот, 9 ноември. Љубителите на ликовната уметност имаат можност да погледнат своевидни дела на дваесетина автори од Русија, Словенија, Србија, Турција, Бугарија и Македонија, кои во август годинава твореа во куќата на Касапови.

- Со оваа колонија се обидуваме да ја рашириме ликовната култура до секој граѓанин и да ја збогатиме културната ризница на градот. Делата создадени на оваа колонија нека бидат чувар на спомените на творештвото и инспирација за нови идни гостувања на градот со културен предзнак, рече Англ Коруновски, претседателот на ЗГ Папрадишки мајстори.

На отворањето на изложбата беа присутни и двете авторки од Русија Јулија Жукјова и Ала Квастунова, чии дела заедно со останатите ќе ги красат институциите каде ќе бидат поставени. Повеќето од уметничките дела на изложбата се масло на платно на кои е пресликана моменталната инспирација на авторите од градската архитектура и природата./Д.С

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново