Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Актерот од велешки театар Кирил Гравчев ја доби најпрестижната награда за животно дело „Петре Прличко“ годинава. Наградата ја добива за одиграните преку стотина улоги на театарската сцена, а исто толку и во сериски и играни филмови. Тој со својот специфичен хумор кој стигнува и до последниот гледач, се издвојува како еден од амблемите на Vелешкиот театар.

Шармот и непосредноста со кои тој им пристапува на своите театарски и филмски улоги го прават препознатлив и единствен меѓу плејадата актери од неговата но и од помладите генерации. Тој со голема возбуда денеска на прес конференцијата изјави дека е крајно благодарен и горд на оваа награда затоа што имал прилика да игра заедно со доајенот на македонското глумиште Петре Прличко.

- Многу ми е драго што ја добив оваа награда. Со чичко Петре сум играл заедно и бевме многу блиски и се дружевме приватно. Искуството што го стекнав со и од него за мене е од непроценливо богатство, бидејќи тој беше голем актер, рече Гравчев.

Со своите улоги Кирил Гравчев ја задолжи театарската фела во земјава. Уште од 1970 година се јавува на сцената на велешкиот театар и таму останува и во најтешките моменти кога не се знаело дали театарот ќе опстане или не.

- Уште со своите први улоги Гравчев успева да ја освои публиката. Незаборавни се неговитре улоги на Писарот во претставата „Јазовец пред суд“ , па Мерлиш во претставата „Стапица за беспомошен човек“ и многу други. Неговиот хумор е суптилен, човечки, тоа е хумор на малиот човек, кој што секојдневно го среќаваме. Ако не се појавеше Кирил Гравчев, на велешката сцена ќе имаше голема празнина, рече член на жирито Александар Ѓеорѓиев.

Наградата за животно дело „Петре Прличко“ на Гравчев ќе му биде доделена на свеченоста по повод празникот на градот. Таа се состои од плакета со ликот на Прличко и триесет илјади денари. Во негова чест, неговите колеги ќе ја одиграат претставата „Старицата од Калкута“.

Инаку досега ова највисоко актерско признание посветено на доајенот на македонското глумиште ја добиле единаесет актери меѓу кои Благоја Спирковски - Џумерко, Емил Рубен, Петар Мирчевски, Благоја Чоревски, Мето Јовановски, Борис Чоревски, Петар Темелков, Драган Спасов - Дац, Александар Ѓеорѓиев и Милица Стојанова.

Даниела Саздова

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново