Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

Неколкумина млади автори од повеќе македонски градови, изминатиот викенд, беа гости на 5 -тата стрип колонија „Рашка 2016“.  Колонијата е традиционална и е организирана од Канцеларијата за млади како и од Клубот на ликовни уметници на општина Рашка. Годинешното учество на македонските стрип автори беше дел од перманентната интернационална соработка на домаќините и Стрип центар на Македонија со седиште во Велес.

- Освен младите македонски автори , на колонијата учествуваа и гости од Белград, Лесковац и Врање. Македонските стрип автори беа единствени учесници кои не припаѓаат на српското јазично подрачје. Колонијата се одржа во прекрасното село Семетеш, на околу 900 метри надморска височина, со атрактивното езерце и подвижни острови, прекрасна природа, гостољубиви домаќини , домашна храна во атрактивниот туристички комплекс со карактеристични дрвени куќи. Творештвото создадено за време на годинешната колонија ќе биде објавено во годинешниот стрип алманах РАС КОМИК на нашите пријатели од Рашка, рече Томе Трајков ,културен оператор во Стрип центар на Македонија-Велес.

Интернационалната стрип соработка е една од главните цели на Стрип Центарот на Мкедонија- Велес што успешно се реализира во изминатите скоро две децении. Соработката, од година во година, се проширува со нови познанства и проекти во интерес на македонските стрип автори од повеке генерации./У.Ј

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

О Г Л А С

                        за избор на 20 судии-поротници во Основен суд Велес

  1. Кандидатот за судија - поротник потребно е да ги исполнува следните услови:
  1. да е полнолетен државјанин на Република Северна Македонија
  2. да има завршено најмалку средно образование
  3. активно да го владее македонскиот јазик
  4. да ужива углед за вршење на функцијата судија-поротник
  5. да не е постар од 60 години.

            II.За судија-поротник не може да биде избрано лице кое со судијата или судијата-поротник во истиот суд е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар, ниту лице кое со член на Судски совет на РСМ е во сродство во права линија или во странична линија до трет степен или е негов брачен другар.

            III.Заинтересираните кандидати потребно е да поднесат пријави и документи и тоа:

            -Диплома за завршено образование (оригинал или заверена на нотар),

            -Уверение за државјанство,

      -Потврда од казнена евиденција (издадена од суд според местото на раѓање).

            IV.Пријавата со потребните документи да се достават до Основен суд Велес (на приемна писарница или преку пошта со препорачана пратка) на адреса ул.„8-ми Септември“ бр.53, во рок од 15 дена од објавувањето на огласот.

                                                                                                   ОСНОВЕН СУД ВЕЛЕС

 
   
   
   
   

Најново