Поезијата на велешанецот Љупчо Михајловски во индиско списание
Објавено на 13 јули, 2016 во 15:16
Дел од поезијата на велешанецот Љупчо Михајловски објавена во списанието за поезија во Индија. Две песни на Михајловски се најдоа во индиското списание меѓу останатите чии автори се од Кина, Бангладеш, Перу, Тајланд, Виетнам, Русија, Виена и Нов Зеланд.
„Објавувањето на моите песни во индиското списание значи континуитет на мојата меѓународна работа на полето на поезијата а со ова истовремено се потврдува и квалитетот на мојата поезија“, рече Михајловски.
Моментално Михајловски работи на монографијата на Центарот за научна фантастика „Визија“ со која треба да се одбележи триесет годишното постоење на центарот.
Даниела Саздова