Промоција на стрип книгата на Ване Трајков во Србија
Објавено на 25 мај, 2016 во 12:16
Книгата „Македонскиот стрип во едицијата НИКАД РОБОМ“ на Ване Трајков од Велес ќе биде промовирана во срцето на Балканскиот стрип во Горњи Милановац, Србија. Промоцијата е во организација на Здружението на македонци од моравичкиот округ „Даме Груев“ и Културниот центар на Горњи Милановац.
Книгата на Трајков ги опфаќа сите изданија од 1963 година до крајот на едицијата и во неа можат да се сретнат разни теми и сценарија од македонската историја и истата има важно значење за развој на македонскиот стрип. Во книгата можат да се сретнат стрип дела на доајените на македонскиот стрип Миле Топуз и Љупчо Филипов. Промоцијата ќе се случи на 26 мај во свечената сала на општина Горњи Милановац./Д.С