Три нови книги од издавачката дејност на Стрип центар Македонија
Три нови книги издаде Стрип Центарот на Македонија. Едната е стручна книга за стрипот од авторот Ване Трајков и во неа тој ги опишува сите настани од 1963 до седумдесетата година, кога излегува едицијата „Никад робом“ и во која се опфатени и почетоците на македонскиот стрип. Во неа можат да се сретнат разни теми и сценарија од историјата на Македонија. Втората книга е на доајенот на македонскиот стрип, осумдесет и четири годишниот Миле Топуз, во кој го црта периодот од основањерто на Самоиловата држава, нејзиниот подем и падот.
Најголемо изненадување за љубителите на стрип уметноста е првата објавена стрип книга на албански јазик од младата авторка од Албанија Герта Операку.
„За прв пат во Македонија објавуваме стрип на албански јазик. направивме две верзии на македонски и на албански. Книгата носи наслов „Портопалермо“ и тоа е е всушност некое измислено гратче на југот на Албанија и во кое авторката ги опишува авантурите на група млади луѓе“, рече Ване Трајков.
Новите книги од издавачката дејност на Стрип Центарот, граѓаните можат да ги набават во канцеларијата на Центарот што се наоѓа во Градската библиотека „Гоце Делчев“ во Велес или во специјализираната книжарница за стрип книги „Бункер“ во Скопје. Цената на книгите изнесува 400 денари.
Инаку генералната промоција за новите стрип книги ќе се случи во Скопје во некој од наредните месеци. Книгата „Портопалермо“ на албанската авторка ќе биде промовирана низ неколку градови во Македонија./Д.С