Објавен конкурс за избор на „Музата на Рацин“
Се избира „Музата на Рацин“, заштитното лице на манифестацијата „Рацинови средби“. Од вчера е отворен конкурсот и целта е современ третман на рациновата муза како значајно обележје на неговата љубовна поезија. Со овој настан се афирмираат и промовираат младите од Велес и нивно активно вклучување во реализацијата на „Рацинови средби“.
Право на учество на конкурсот имаат сите девојки од средните училишта во Велес на возраст од 14 до 18 години. Со избраната девојка ќе се реализира целокупниот рекламен материјал на манифестацијата (Фотосесија, програма, плакат, билборд и видео-спот).
Заинтересираните девојки ќе можат да се пријават на конкурсот по електронски пат со што ќе треба да достават една фотографија и лични податоци, име и презиме, датум на рагање, училчиште и контакт мејл и тоа на официјалниот мејл на манифестацијата [email protected]. Селекцијата ќе ја прави жири комисија формирана од Здружението. Конкурсот е отворен до 30 април годинава./Д.С