Во Ликовниот салон во Велес ликовни уметници и во истовреме брачни партнери излагаат дела
Академскиот вајар Стојче Тоциновски и академската сликарка Емилија Тоциновски освен што творат заедно се и брачни другари. Нивните уметнички дела, изработени со акрил на платно, се дел од изложбата во Ликовниот салон насловена како „Метафора на постоењето“. Останатите уметнички дела се на два пара брачни другари од Полска и на уште еден полски уметник. Станува збор за интернационална групна изложба која од останатите се разликува по тоа што ја сочинуваат брачни другари.
„ Интересно е што сите други автори настапуваат со посебни дела додека јас и сопругата настапуваме со заеднички дела, заедно работиме. Се прашуваат и другите колеги како е можно двајца да работат на едно платно. Тоа е едноставно затоа што не спојува исконското. Она ги работеше дрвјата на пејзажите, јас планините и споено е се во еден пејзаж на кој се приметува таа кохезија на работа и најважно е што егото не работи и од скица до крајното дело се согласуваме“ рече Стојче Тоциновски.
„ Мене лично ми се допаѓа соработката со сопругот затоа што така се станува едно , се добива една поголема сплотеност Ние и во домашните обврски се работиме заедно Таа сплотеност се гледа и во нашите дела. и не се приметува дека тоа дело го работат двајца туку како да го работи само еден“, рече Емилија Тоциновска.
Велешани ќе имаат можност наредните денови да ја погледнат изложбата на брачните партнери, која се состои од дела изработени во разни техники, фотографија и компјутерска графика, обична графика и цртежи./Д.С