Anabela fin

30.07.2020

Kонцертoт на балетското студио од Велес се одржа во амфитеатарот на Младинскиот парк, вчера вечер. Балерините изведоа повеќе кореографии со кои настапувале на домашни и странски натпревари и го промовирале родниот град. Тие и синоќа ја воодушевија публиката која дојде на културниот настан во ограничен број, поради актуелната ситуацијата со Ковид-19.

Bezopasni fin

30.07.2020

Промоцијата на материјалот за првиот албум на новата кавадаречка рок атракција, бендот “Безопасни“ ќе се одржи на 30 јули, четврток, со почеток во 20.30 часот. Комплетниот авторски материјал ќе биде одсвирен во живо, како најава за официјалното издание за на есен со наслов “Три“. Носачот на звук ќе ги содржи токму оригиналните материјали од концертот во живо.

Foto DenotkogaserodiLisa1

09.07.2020

Манифестацијата е посветена на прерано заминатиот Дејан Костов Лиса, дете од вистинскиот центар на Кавадарци, урбана градска легенда, долгогодишен прв и најдобар соработник на големите кавадаречки уметнички имиња од сите уметнички форми.

francuskaasocijacija fin

29.05.2020

Министерството за Европа и надворешни работи на Република Франција го одобри проектот на Француската асоцијација „Ситé е Ситé“ со седиште во Бордо, во партнерство со асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство со седиште во Велес, Министерството за култура, македонските градови и универзитетите како и во соработка со партнери од Република Албанија: Институтот за културни споменици, Министерството за култура, Асоцијацијата на општини на Албаниј,на градовите Берат и Елбасан.

DobitniciRacinovopriznanie fin

20.05.2020

Годинешни добитници на наградата Почесното Рациново признание за 2020 година се проф. д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и проф. д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.

gimnaziskihorsoS

5.04.2020

Богатата музичка традиција во Велес е дел од вековната традиција на велешани и континуитет на севкупното живеење во градот. Првите учители во Велес биле свештеници, калуѓери и калуѓерки, кои во времето на турското владеење започнале да ги подучуваат велешките деца на писменост, но и на основните музички познавања, преставени преку хорско пеење на црковни песни.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

С О О П Ш Т Е Н И Е  З А  Ј А В Н О С Т

            Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско тертирање против комарци ќе го изврши на ден 14 август (петок) 2020 год. во периодот од 0500 до 0630 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 15 август (сабота) 2020 год.

            Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

           

                                                                                    Градоначалник

                                                                                    на Општина Велес,

                                                                                    Аце Коцевски

 
   
   
   
   

Најново