28.10.2020
Театарот при Домот на културата „“Иван Мазов - Климе“ Кавадарци, премиерно ќе ја изведе детската театарска претстава „Малиот принц“ по текст на Антоан де Сент - Егзипери, а во адаптација и режија на Микица Илова.
Во претставата играат: Стојанче Ванѓелов, Јована Секуловска, Сашко Орешков, Микица Илова и Кристина Јованова.
Претставата е во рамките на манифестацијата “Кавадаречка културна есен 2020“.
Реализацијата на претставата ќе се одвива според Протоколите за работа во време на Ковид-19 за сите посетители поточно носење лична заштита на лицето, дезинфекција на рацете, одржување на растојание 1,5 - 2 метри и ограничен број на посетители.
Премиерата ќе се одржи во петок, на 6 ноември 2020, со почеток од 19 часот./У.Ј