Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

STELA Stefkov

8.10.2020

Новото кино ќе биде отворено со филмот „Стела” во режија на Стојан Вујичиќ, во продукција на „Дрим фактори”, во копродукција со „Акшн продукција” од Србија и продукцијата „Моуна” од Германија.

- Го избравме овој филм затоа што е прв детски филм во државата што само по себе е историја и во чие создавање учествуваа двајца велешани, Данчо Стефков, кој ја потпиша монтажата на филмот и тренерот Ристе Гиовски, кој беше одговорен за дресурата и улогата на шарпланинката Стела во филмот. Оваа историја во македонскиот филм, во чест на големиот празник на македонскиот народ 11 Октомври ја поврзавме со нашата велешка историја, отворање на кино за граѓаните на Велес по повеќе од две децении”, рече градоначалникот Аце Коцевски. 

Поради протоколите, филмот ќе има две проекции на 10 Октомври, во 18:00 часот и во 20:30 часот. По завршувањето на втората проекција, ќе настапи групата „Љубојна” која ја создаде музиката за филмот „Стела”.

-Мило ми е што имам чест ова ново кино во Велес да се отвори со филм во кој имам значајна улога. Работев на овој филм скоро две години од неговите почетоци. Мислам дека „Стела“ е врвот на мојата кариера досега. Ова ми е четврти филм, го работев со задоволство. Се надевам дека плејада на млади од нашиот град ќе продололжат да работат на културата во градот, затоа што Велес отсекогаш бил предводник на културата. Салата е прекрасна, системот е одличен, во светски стандард, може да се гледаат сите светски блокбастери, рече Данчо Стефков, кој ја потпишува монтажата на филмот „Стела”.

Тој ги покани граѓаните да присуствуваат на проекцијата на „Стела” во сабота, 10 окомври и да ги соопштат нивните впечатоци.

- И мене ми е голема чест пред моите сограѓани да бидам дел од отворање на едно такво кино, можам да кажам ултрамодерно за денешни услови. Филмот вреди да се погледа и ја обработува тематиката на враќање кон природата и семејството. Мене ми се укажа чест да бидам тренер на кучето Стела кое има една од главните улоги во филмот. Овој предизвик беше навистина многу голем. Уште кога го видов сценариото сфатив дека има сцени кои се несвојствени за едно куче, особено за нашиот шарпланинец кое не сака многу да трпи влијанија. Има сцени во филмот кои беше тешко да се снимат со Стела, но на крајот успеавме како што ќе видите во филмот, рече Ристе Гиовски, тренер на кучето Стела.

Отворањето на новото кино во Велес ќе се реализира со почитување на пропишаните протоколи и максималниот број на гледачи по проекција е 80 лица.

 

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

KOZUVCANKA 2021 01

Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра

 

Најактивниот акцелератор во Македонија Х Фактор Акцелератор ја најавува својата нова Инвестициска програма и инвестиции до 100.000 Евра во стартап фирми и дополнителна техничка поддршка, менторство и пристап до компании. Повикот е отворен за пријавување до 15ти Март, со вкупен буџет за инвестиции од 300.000 Евра кои ќе се инвестираат во 3-5 компании.

X Фактор Акцелератор е првиот од трите акцелератори поддржани од ФИТР преку Светска банка, кој во изминатата година реализираше две инвестиции во вкупен износ од 200.000 евра во стартап – тимовите на Матриошка и Vision Dynamix.

Оваа година и покрај предизвиците на корона кризата - X Фактор Акцелератор продолжува да креира средина која го стимулира и поттикнува развојот на новите бизниси преку поддршка на растот за регионална/глобална експанзија.

Кои критериуми треба да ги исполнат стартапите за да аплицираат на повикот?

Што бараме од компаниите како услов за влез во Инвестициската програма:

  • Оформен, искусен и посветен тим,
  • Оформен производ кој е во фаза на пазарна валидација,
  • Продажба на први клиенти,
  • Компанијата да е регистрирана во Р.С.Македонија, со најмалку 51% Македонска сопственост.

Оваа година фокусот е на иновативни решенија од било која дејност, со глобален потенцијал на раст.

 

Што добиваат стартапите во рамки на Инвестициската програма?

Оваа програма има за цел да ги донесе компаниите што побрзо до инвестиција и нови пазари. За таа цел X Фактор Акцелератор ќе започне со преговори за инвестирање и менторска поддршка со 5 до 10 од аплицираните компании преку:

  1. Специјализирана менторска програма спроведена од нашиот тим, како и од искусни ментори од партнерските организации: ФИТР, World Bank, SwissEP, Startup Macedonia, Senior Experts Program.
  2. Покрај експертската помош, акцент ќе ставиме на валидација на постоечките решенија и бизнис модели за пристап до локалните и интернационалните пазари со искусните тимови на нашите корпоративни партнери како Oracle for startups и други локални и глобални корпорации.
  3. Техничка поддршка за компаниите преку унапредување на нивната маркетинг стратегија, дигитално присуство и развој на бренд со тимот на Monday дигитална агенција, дополнителен развој и/или валидација на софтверски решенија со екпертска поддршка на ИТ професионалци од SkillUp Academy и пристап до нови пазари преку 36 Chambers.

Најважниот ресурс кој го добиваат стартапите за време на програмата, освен финансииите е целокупната поддршка за вмрежување и зголемување на видливоста на бизнисите.

Акцелераторот овозможува размена на знаења и искуства помеѓу самите претприемачи, од каде што има огромен потенцијал за произлегување на голем број нови партнерства.

  

Каков е процесот на апликација?

  1. 18.02 Изјавување на Интерес: Апликациите се одвиваат преку нашиот вебсајт со испраќање на краток опис на бизнис идејата со пополнување и прикачување на апликациска форма во коja се објаснува бизнисот,
  2. 09.03 Ask me Anything: Сесија во живо за да праша публиката сѐ што ги интересира;
  3. 15.03 Евалуација: Апликациите кои од страна на Комитетот за евалуација на проекти ќе се оценат дека се најиновативни и имаат потенцијал за раст ќе се квалификуваат за влез во следната фаза;
  4. 20.03 Валидација: Во оваа фаза селектираните тимови треба да поднесат дополнителни документи Pitchdeck, Финансиски проекции, CaseStudy со кои би се потврдиле првичните бизнис концепти и презентирање пред Евалуациониот Комитет;
  5. 01.04 Преговори и Менторство: Вклучување на 5-10 компании во 8 неделна Инвестициона програма и подготовка на компанијата за инвестиција преку, менторство, експертска поддршка, состаноци со потенцијални клиенти и партнери како и преставување на локални и регионални настани. Во текот на програмата тимот на X Фактор Акцелератор ќе го отпочне процесот на Due diligence со тимовите;
  6. 01.06 Демо ден: Стартапите презентираат пред Инвестицискиот одбор и мрежата на партнери, корпорации и инвеститори кои ќе ги одберат компаниите со кои ќе се започнат финалните преговори за инвестиција;
  7. 01.07 Потпишување на Инвестиционен договор: Финализирање на преговарачкиот процес и потпишување договори за инвестиција.

Што да очекувам од X Фактор Акцелератор?

X Фактор Акцелератор има за цел да направи инвестиција во период од 4-6 месеци од аплицирање во програмата во износ од 30.000 до 100.000 евра по компанија, зависно од фазата на развој. X Фактор Акцелераторот има за цел да стане малцински содружник, со процентуален удел во компанијата кој е предмет на преговори. Претставник на акцелераторот ќе добие место во бордот на директори и континуирано ќе помага во донесување на стратешки одлуки и поврзување на компанијата со потенцијални партнери, клиенти и интернационални инвестициони фондови.

 

Овогодинешниот повик официјално е започнат и вашите апликации ги очекуваме до 15ти Март 2021 година преку веб страната на Х Фактор Акцелератор: http://xfacc.mk/

Одговорно лице за контакт: Јозефина Симитчиева 078 377 504

 
   
   
   
   

Најново