Објавени резултатите од Меѓународниот стрип конкурс „Велес 2020“
2.10.2020
Стрип центар на Македонија-Велес ги објави наградените стрипови од традиционалниот, 18 ти по ред Мегународен стрип конкурс „ВЕЛЕС 2020“.
Добитник на на парична награда, обезбедена од страна на општина Велес, за наградата „Златен стрип“ е Марко Стојановиќ од Р. Србија за сценарио ,Милорад Вицановиќ Маза од Бања Лука, БиХ и Аљоша Томиќ од Р. Србија за колор изданието на стрипот „ТHE ANCIENT- ДРЕВНИОТ“.
За освоено второ место добитници на награда се: Дејан Богојевиќ од Ваљево Р. Србија за сценарио, Ана и Сара Живковиќ од Белрад Р. Србија за цртеж и колор, за стрипот „НАПАД“ и Даниел Данил од Романија за стрипот „CLOCOCIOV“.
Добитници на наградата за трето место се Катерина Тери Николова, цртеж и Александар Стеванов за стрипот „ПРИКАЗНА ЗА БЕЗБОЈНОТО МЕЧЕ“ како и Исмет Ердиќ од БиХ за стрипот „ПРЕВИД“.
Најдобар македонски стрип е прогласен „Катарза“ на авторот Ѓорги Антевски од Куманово додека наградени се и стрипот на Марија Арсова Велес „ПРЕВЕНЦИЈА ОД КОВИД 16“, за најдобар автор до 14 години , Тамара Мишовска од Скопје за стрипот „КАЛИНКИ“ во категорија до 18 години и Јована Ангелковска од Брвеница за стрипот „УМРЕВ НА ЗАЈДИСОНЦЕ“ како најдобар дебитантски стрип.
Наградата за највозрасен учесник годинава ја добива Тоде Блажевски од Скопје за стрипот „ПОЛИТИЧАРЧЕ“, шест годишната Јана Стојановиќ од Лесковац, Р. Србија за најмлад додека за најмлад учесник од нашата држава е прогласена седум годишната Василиса Радева од Скопје.
Годинешни добитници на наградите за Најдобро сценарио се Предраг Гуриќ од Р. Србија за стрипот „ПОСЛЕДНИОТ ИТАЛИЈАН“ и за Најдобар уметнички израз Ана Tрифуновиќ од Р. Србија за стрипот „СИТНИЦИ“.
Осман Хајдаревиќ ид БиХ, за стрипот „4 ИСТРЕЛИ ЗА СЕМ КАРСОН“ е добитник на наградата за Најдобар цртеж додека Специјална награда од организаторот ја добиваат Марија Јакај од Албанија и Светлин Трендафилов од Бугарија.
Стрип центар на Македонија-Велес додели и три награди за соработка на Лесковачка школа стрипа од Р. Србија, „ФАНТАСТ“ -уметничко студио на Емилија и Стојче Тоциновски од Скопје како и на проф. Шпенд Бенгу од Албанија.
Според Томе Трајков ,состојбата со КОВИД 19, е причина за намалениот бројот на пријавени стрипови од странство, освен од Балканските земји.
-Од нив посебно го подвлекуваме бројот на пријавени автори од соседна Албанија или само девет. Стрип центарот на Македонија ја продолжува својата улога на организација ментор ,во интерес на развојот на деветата уметност на Балканот. Но ,мораме исто така да подвлечеме дека за прв пат досега ,бројот на пријавени стрип автори од Македонија е поголем од бројот на автори од другите земји, додаде Трајков.
Од вкупно пријавени 176 автори 106 се од Северна Македонија.Постигнат е и квантитет и квалитет. Македонската стрип сцена има солидна кадровска перспектива и потребна и е финансиска поддршка за натамошни активности како што се стрип школи, изданија ,изложби, фестивали, мегународна размена и друго./У.Ј