„Почесното рациново признание“ за професор д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и професор д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска
21.09.2020
Организацискиот одбор во состав Аце Коцевски, претседател и членовите професор Кристина Николовска, професор Људмил Спасов, професор Гоце Ристовски и професор Стефани Андреевска донесе одлука почесното Рациново признание за афирмација и популаризација на македонската литература и култура, надвор од границите на Република Северна Македонија годинава да се додели на професор д-р Виктор Фридман од Чикаго, САД и професор д-р Јоуко Сакари Линдстет од Хелсинки, Финска.
57те по ред Рацинови средби ќе се одржат на 25 и 26 септември 2020 година, на отворната сцена на амфитеатарот во Младинскиот парк во Велес кога ќе им бидат врачени и Рациновите признанија на овогодинешните добитници.
Сите настани кои се дел од 57. Рацинови средби ќе бидат одржани според протоколите и мерките за заштита од ширење на Ковид-19./У.Ј