Томислав Османли: „Кочо Рацин со своето сјајно дело ја внесе Македонија во светот и светот во Македонија“
21.09.2020
Жири комисијата за доделување на Рациновото признание за прозно дело за 2020 година во состав академик Катица Ќулавкова, претседател и членовите Трајче Кацаров и Гордана Јовиќ – Стојковска одлучи да му припадне на писателот Томислав Османли за книгата расказаи „Парадоксион” во издание на „ВиГ Зеница” од Скопје.
-Маркантно дело кое се издвојуваше по својот квалитет. Томислав Османли е прво една фигура која е составен дел на македонската книжевна, творечка и културна сцена за што ќе биде достоинствен носител на Рациновото признание. Ова признание навистина станува симбол на културна, национална и книжевна вредност. Книгата точно го покажува развојот на македонскиот расказ и македонската книжевност кои одат кон естетско усовршување и истовремено е одблесок на таа тенденција да се зголемува рапидно, брзо бројот на прозни творци во Македонија. Во тој контекст да се избере оваа книга „ПарадоксиКон“ беше задоволство и не беше така лесно, рече академик Катица Ќулафкова.
Таа додаде дека во натесна конкуренција за годинешното високо книжевно признание освен делото на Томислав Османли влегле и делата „Шрапнел“ на Игор Ангелков, „Класифицирано“ на Лилјана Пандева и делото на Живко Гроздановски.
-Би се заблагодарил на домаќинот, градоначалникот на Велес Аце Коцевски како продолжувач на сјајната традицијата што 57 година ни овозможува радост на величење на името на Кочо Рацин и авторски радости за добитниците на почесните награди и Рациновата награда што ги добиваме. Голема е возбудата. Дури и да се кажат сите зборови на благодарност за вака високо признание, за вака висока почестеност што ја предочува добивањето на наградата што лично високо сум ја почитувал и што сите добитници за мене биле сјајни ѕвезди на македонското книжевно небо од рациновото соѕвездие тоа е малку. Далеку сум од тоа дека со оваа книга јас влегувам во тоа соѕвездие јас ветувам дека ќе работам и понатаму иако и она што сум го создал досега, ова е моја 28 книга. Се надевам дека ќе продолжам да ги негувам традициите на тие две сјајни ветрикали што Кочо Рацин со своето дело ги предочува и ги извишува поточно вертикалата на македонскиот јазик кој пишуваме, се разбираме, комуницираме и на кој сонуваме и пишуваме. Нашиот македонски јазик кој често е предмет на напади, на негации, на релативизации тука сме ние да одговориме на несреќните и залудни обиди ние да го одбраниме со нашето дело и творештво, со почит кон родоначалниците од кои една сјајна ѕвезда е блесната во Велес а потоа низ Македонија и низ цела Европа или Кочо Рацин. И втората вертикала, интернационалистичка, луѓето кои имаат светогледи сличен на мојот или космополитска во една книжевна димензија која ја предочува Кочо Рацин а се обидувам да ја негувам и јас. Кочо Рацин со своето сјајно дело ја внесе Македонија во светот и светот во Македонија , рече Томислав Османли.
„Рациновото признание“ на годинешниот добитник Томислав Османли ќе му биде доделено во сабота на 29 септември на одржувањето на 57 Рацинови средби во родниот град на поетот./У.Ј