Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

RumenaShopova fin

18.09.2020

Во сабота, 19 септември, премиерно ќе биде изведена претставата ‘’Сина роза’’ во 20 часот во просториите на ‘’Pasteur Coffee and Music Laboratory’’ во режија на Румена Шопова, а во продукција на Нена Минчев, ИПМР-Скопје.

Sinaroza naslovna

‘’Сина роза’’е драмско дело работено по мотиви на ‘’Стаклена менажерија’’ од Тенеси Вилијамс,oдносно дуодрама каде што од интегралниот текст се исцрпени Лора и Џим.

- ’Постојано ми се вртеше во глава ликот на Лора од ‘’Стаклена менажерија’’, сакав да ги прочитам нејзните мисли низ страниците на драмското дело, но тие беа толку тивки што скоро и да ги нема. Потоа се трудев да ја запознаам и да ја осознаам нејзината комплексна психолошка состојба, за на крај сепак да прикажам една Лора која ја има во сите нас во секој момент од денот. Лора полна со несигурности, Лора која дозволува секоја насмевка да и биде нацртана од друга рака, Лора која не сака да излезе од својата конфорт зона и едноставно да направи промена. Навидум се чини дека е тешко да ја надвладеете таа Лора, но новата Лора која што јас ја искалемив со секоја нова реплика од оваа претстава едноставно направи само еден чекор и погледна напред. Кои се тие норми, правила, напишани, ненапишани кои одредуваат кои сме, што сме, кои ќе
бидеме? Кој е толку силен да не смести во некоја одредена рамка? Зарем ние не го одредуваме нашето ‘’JAС’’?,  вели Румена Шопова

Akteri fin

Во представата ликот на Лора го игра Жале Османи, додека во ликот на Џим се појавува Томислав Давидовски.

Драматург на текстот е Дамјан Дуковски, сценографијата на оваа претстава е на Taмара Забазноска, додека автор на музиката е Анастазиjа Голчева.

Првата реприза на оваа претстава ќе се одигра на 20 септември (недела) со почеток во 20:00 часот.

Проектот е поддржан од Министерство за култура.

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново