Започна 15-та “Ѓуришка ликовна колонија 2020” во Свети Николе
Објавено на 18 август, 2020 во 11:23
18.08.2020
Во организација на Домот на култура “Крсте Мисирков” Свети Николе и општина Свети Николе започна 15-та по ред “Ѓуришка ликовна колонија 2020”.
На колонијата ,во наредните денови ќе земат учество 12 ликовни уметници од нашата држава од Штип, Велес, Куманово , Скопје и Свети Николе.
Оваа година бевме скратени во можноста да бидеме домаќини и на уметници од соседните држави земајќи ги во предвид актуелните случувања со коронавирусот.
На сите уметници им посакувам успешно творење и добра дружба. Убеден сум дека и оваа година ќе имаме прекрасни уметнички дела кои на нашата јавност ќе им бидат претставени за 14-ти Септември.