Отворање на изложба на Мартина Хаџи – Тоневска во Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци
Објавено на 14 август, 2020 во 08:07
14.08.2020
Во Галеријата при Домот на културата “Иван Мазов – Климе“ Кавадарци, вечерва, 14 август, ќе биде отворена изложба на Мартина Хаџи – Тоневска.
Мартина Хаџи-Тоневска е родена 12 март 1990 во Скопје. Завршила средно образование во ДСУПУ „Лазар Личеноски“ – Скопје во 2008 година.
Дипломирала сликарство со насока графички дизајн на Факултетот за ликовни уметности во Скопје -2012 година. Пост-дипломски студии – отсек сликарство завршила во 2014 година. Учествувала во повеќе групни изложби, ликовни перформанси и на ликовни колонии, домашни и меѓународни.
Почетокот на отворањето на изложбата е закажан во 20 часот./А.Д