Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

spomenkukatanaRacin fin

3.07.2020 

Организацискиот Одбор на 57. меѓународна културна манифестација „Рацинови Средби” ја одржала втората седница, на која биле разменити мислења во врска со програмските активности, начинот на реализација и новиот концепт на одржување на манифестацијата во услови на коронавирус.

Манифестацијата наместо во јуни годинава ќе се одржи на есен.

Членовите на Организацискиот одбор во наредните 15тина денови ќе треба да подготват предлог-програма на манифестацијата, задржувајќи го традиционалниот начин на организирање, секако доколку дозволуваат мерките за организирање настани во затворен простор, како и воведување нови содржини, согласно приликите на актуелната состојба со Ковид -19.

Седницата на Организацискиот Одбор се одржала во проширен состав со присуство и на надворешните соработници Сашо Димоски, театролог и вршител на должност директор на НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” како и на Игор Крајчев, поет и вд. Директор на Градска библиотека „Гоце Делчев“ во Велес./С.А

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

banerduma

 

 

baner i od veles se moze

E baner

Konsalting Jovevi

 
   
   
   
   

Најново