Submit to FacebookSubmit to Google PlusSubmit to TwitterSubmit to LinkedIn

teatar fin

7.05.2020

Проектот што е производ на културата во време на физичка изолација, единствен од својот вид, настанат преку вмрежување на интернет платформите и перформативноста, вака го најавува својот нов проект „Тој и таа“, Театар „Јодан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес .

Овој уникатен проект, продукција на велешкиот театар, е уметнички одговор на кризата, производ на културата во вирусна состојба чија цел е преку максимално користење на комуникацијата која ја овозможува интернетот да се истражува изведбеноста во нестандардни облици.

Од технолошки аспект, проектот е изведен на тој начин што: пробите се изведуваат „онлајн“, потоа, актерите се снимаат себеси (најчесто со своите мобилни телефони) и на крајот, во процесот на монтажа, се обликува видео дијалогот. Приказната ја носат шест парови чии меѓусебни односи интермедијално се поврзуваат во единството на карантинската приказна.

„Тој и Таа“ е единствен производ од својот вид. Предвидени се дванаесет епизоди кои театарот еднаш седмично, во ист термин, почнувајќи од сабота, 09.5.2020 во 20:00 часот ќе ги поставува на својата официјална веб страница www.teatarveles.mk

Режијата на проектот ја потпишува Деан Дамјановски, драматургијата Сашо Димоски, а видеодизајнот и монтажата Филип Коруновски. Во проектот учествуваат актерите: Благојчо Стојанов, Талија Настова, Васил Зафирчев, Славица Манаскова, Самоил Стојановски, Маја Љутков, Зорица П. Панчиќ, Симона Димковска, Слободанка Чичевска, Жарко Спасовски, Исидор Јованоски и Кети Борисовска./У.Ј

 

 Нова 2020

 ДЕЛТА ПРОМ 1

 2021 со честитки за Божиќ и стара Нова година

 и благосостојба во домот и успех во работата

 

 

SEMM baner MK

Поврзани вести

NOVOGODISENBANERSINALCO

 Fokus

viber image 2020 12 24 14 00 26

viber image 2021 01 02 09 31 36

from samantha howells 1

from samantha

 Романтик

 2021 Честит Божиќ и Стара Нова година 1

 2021 Честит Божиќ и Стара Нова година 2

 2021 Честит Божиќ и Стара Нова година 4

opshtina chashka

 посакува Среќна 2021 година

 Нова 2021 честит Божиќ и Стара Нова година 4

 
   
   
   
   

Најново