Отворен стрип конкурсот „Скопска стрип акција 2019“
Стрип центарот на Македонија – Велес и градот Скопје отвораат јавен повика за стрип автори на традиционалниот стрип конкурс „Стрип фестивал-Скопска стрип акција“.
Право на учество имаат сите лица кои живеат или учат поточно студираат во главниот град, без разлика на полот и возраста. Должината на стрипот треба да биде од една до шест табли на А4 формат, а доколку е на една страна треба да биде со најмалку пет сликички.
Tемата на стрипот е слободна, а секој автор може да учествува со само еден стрип. На еден стрип можат да работат повеќе автори.
Сите заинтересирани автори, заедно со стрипот треба да испратат лична биографија и називот на стрипот, најдоцна до 25-ти мај на [email protected].
Пристигнатите стрипови ќе бидат разгледани од тричлена комисија којашто ќе направи избор и ќе ги додели веќе востановените награди и признанија, а сите пристигнати стрипови ќе бидат земени во конкуренција за излагање во склоп на завршната изложба во Дом на култура „Кочо Рацин“, информираа од СЦМ во Велес.