Седум претстави на репертоарот на велешки театар овој месец
Претставата „Елешник“ велешката публика ќе има можност да ја проследи на 17 јануари, четврток, на сцената на театарот. За љубителите на театарската уметност што сеуште не ја проследиле претставата „Синиот портокал“ актерите ќе ја одиграат во петок на 18 јануари. Четири дена подоцна, во вторник на 22 јануари, на сцената на театарот ќе се одигра претставата „Сомнително лице“а два дена потоа, на 24 јануари и претставата „Тоалет за дами“. според месечниот репертоар наредна е претставата „Спанаќ со пржени компири “, во сабота, на 26 јануари додека во вторник, на 29 јануари и претставата„ Театар љубов моја“.
Месечниот репертоар на велешки театар завршува со прикажување на претставата „Сомнително лце“ на 30 јануари.
Претставите започнуваат во 20 часот. Билетите можат да се набават на билетарата на театарот./У.Ј